Екипата на Њукасл синоќа направи изненадување откако успеа да го елиминира актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити во рамките од 16-финалето на Карабао Лига купот на Англија. Њукасл пред своите навивачи победи со 1:0 и уште на стартот елиминира еден од главните фаворити за трофејот.
Следен ривал за Њукасл ќе биде вториот гигант од Манчестер, овојпат тоа е Јунајтед. Ждрепката одлучи Чавките да играат на гостински терен, на „Олд Трафорд“. Токму ждрепката која се случи наиде на жестоки реакции од голем број фанови. Дел од нив сугерираат дека поранешниот напаѓач на Сандерлед, Дон Гудман, биквално го барал топчето со бројот 16 кое беше наменето за Њукасл за да му биде ривал на Манчестер јунајтед.
What we have here ladies and gents is none other than ex Sunderland player Don Goodman having a good look for that number 16.
Absolutely disgusting. #NUFC #CarabaoCup pic.twitter.com/bzNGtYXfbd
— GEORDIE MAG (@GeordieMAG_) September 27, 2023

Други навивачи се чудат како е можно Манчестер јунајтед постојано да игра на домашен терен во Лига купот. Ова ќе биде 12-ти пат по ред како Црвените ѓаволи во ждрепката ја добиваат предноста на домашниот терен.
Оваа низа за Манчестер јунајтед да биде домаќин започна во март 2021 година и веќе 12 кола по ред Црвените ѓаволи се домаќини во Лига купот. Англичаните пресметаа дека шансите за тоа да се случи 12 пати по ред да играат на свој терен се со неверојатен коефициент од 4.094.
Манчестер јунајтед е актуелен бранител на трофејот во Лига купот, а на 30 октомври дома ќе игра против Њукасл во осминафиналето. Во останатите мечеви ќе играат: Борнмут – Ливерпул, Челзи – Блекбурн, Евертон – Барнли, Ексетер – Мидлсбро, Ипсвич – Фулам, Мансфилд – Портвејл и Вест хем – Арсенал.

