Жесток напад: Циндриќ три години ја рекетира репрезентацијата, плука по Лино, не заслужува да игра!

Новиот селектор на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват, при составувањето на својот стручен штаб со кој ќе ги води Каубоите, одлучи веќе да не смета на физиотерапевтот Дамир Кајба кој 15 години беше дел од националниот тим, и беше повеќе од само физиотерапевт, одлично ги познаваше работите од внатре.

Кајба си ја отвори душата и објави дека Хорват го откачил перфидно и безобразно, а особено беше критички настроен кон плејмејкерот Лука Циндриќ. Екс играчот на Вардар, а сега на Барселона, е одличен ракометар, но на големите турнири за Хрватска не игра на врвно ниво.

„Хорват ми рече: Еј Кајба, ти си супер, веројатно најдобар физиотерапевт, но има премногу врева околу вас физиотерапевтите. Му личи ли на селектор на толку успешен колектив и кој добро ги знае работите, така да зборува? Можеше да ми каже дека сака нови луѓе и дека поради тие и тие причини веќе не му требам. На другиот физиотерапевт не му ни кажаа дека е сменет, а не знаеше ни претседателот на здравствената комисија во федерацијата“ – откри Кајба.

Кајба бил задолжен и за кревање на атмосферата во селекцијата на Хрватска, а раскажува дека Циндриќ постојано го уништувал расположението.

„Мој личен став е дека Циндриќ не заслужува да биде дел од репрезентацијата. Не е нормално како тој три години ги рекетира репрезентацијата и федерацијата, а ние чекаме тој да одигра нешто. Плус тоа, не сака да разговара со хрватските новинари, а оди на подкаст на српски портал каде и на нарачани прашања се препотува. Најмногу ме погоди што тој плука по најтрофејниот хрватски селектор, а никој од федерацијата не му вели дека нема право да зборува така. Лино е фраер кој освојуваше медали од најголемите натпреварувања“ – вели Кајба.

„Лука не ги почитува ни соиграчите, ни медицинскиот тим, ни селекторот и помошниците, ако нешто не е по негово. Тоа е факт. Дега го кажувам ова за и јавноста да знае што се случува цели три години“ – додава Кајба.

На годинешното СП во Египет, Циндриќ ја напушти репрезентацијата после првиот меч со Јапонија кога се пожали на повреда на задната ложа на десната нога, а во лекарскиот извештај од докторот на Барселона пишувало дека Циндриќ има повреда на левата нога, па се извинувал за погрешниот наод.

- Оглас -

Најнови вести