Жиру му врати на Бензема: Не сум картинг, светски првак сум

Францускиот напаѓач Карим Бензема во разговор со своите фанови на „Инстаграм“ рече дека неговата споредба со Оливие Жиру е несоодветна бидејќи Карим за себе мисли дека е Формула 1, а Жиру бил картинг.

„Споредба со Жиру? Немојте да мешате Формула 1 со Картинг. Јас сум Формула“, рече напаѓачот на Реал Мадрид. Потоа тој се дообјасни и рече дека немал лоша намера, бидејќи и Бразилецот Роналдо бил Формула 1 во споредба со картингот Бензема.

Бензема од 2015 година нема играно за француската репрезентација поради конфликт со Матје Валбуена, кого се обидел да го уцени.

Жиру е стандарден член на Триколорите, а во 2018 година беше дел од тимот кој ја освои светската титула на Мундијалот во Русија. Жиру има освоено титула светски првак, а Бензема нема.

„Јас картинг? Попрво би рекол дека сум светски шампион“, одговори фудбалерот на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести