Жиру: Ние сме група пријатели и нашата авантура продолжува

Актуелниот светски шампион Франција во осминафиналето на Мундијалот со 3:1 ја совлада Полска и ја продолжува одбраната на титулата.

Французите ја оправдаа фаворитската улога против Полјаците и со двата гола на Килијан Мбапе и едниот на Оливие Жиру обезбедија пласман меѓу осумте најдобри, каде што ги очекува спектакуларен дуел против Англија, која вечерва го победи Сенегал.

„Нашата авантура продолжува. Во соблекувалната рековме дека мораме да бидеме обединети ако сакаме да продолжиме со ова прекрасно искуство. За возврат, успеавме да ги најдеме вистинските решенија. Ние сме група пријатели и тоа се гледа на теренот. Патот до успехот е долг и затоа прво ќе се радуваме, а од утре ќе мислиме на следните предизвици“,изјави Жиру, кој денеска стана најдобриот стрелец во историјата на Франција. Жиру против Полска го постигна 53-тиот гол во дресот на Франција и го престигна Тјери Анри.

- Оглас -

Најнови вести