Жиру: Се надевам дека ќе одиме до крај

Репрезентацијата на Франција со 2:1 ја совлада Англија во последниот четвртфинален натпревар, а одлучувачкиот гол го постигна Оливие Жиру во 78-та минута.

Следен предизвик за актуелниот светски шампион е полуфиналната пресметка против Мароко кој приреди сензација со триумфот од 1:0 над Португалија.

“Одлично е чувството. Овој натпревар малку ме потсети на оној против Белгија во 2018 година. Сепак, имавме среќа по тој пенал, на моменти изгледавме многу опасно. Знаев дека ќе имам уште една шанса за гол . Што да кажам, Гризман ми испрати одлична топка. Ова беше голем натпревар, знаевме колкав е потенцијалот на Англија. Одигравме доста добро, но и доста и подаривме на Англичаните. Горд сум на тимот, се надевам дека ќе одиме до крај“, изјави Жиру.

- Оглас -

Најнови вести