Жолтата подморница ќе исплови кон опстанок во Ла Лига

Саутемптон – Борнмут (Сабота, 16 часот)  

Со победа на овој натпревар мислам дека домаќинот ќе обезбеди опстанок. Гостинот е растеретен и веќе сигурен дека и следната сезона ќе игра во Премиерлигата.

Саутемптон нема ниту еден пораз на „Сент Мери“ пред своите гледачи од Борнмут и верувам дека традицијата ќе продолжи, овојпат со нова победа на популарните „светци“.

Предлог тип: 1 (1.95)

Рома – Калјари (Сабота, 18 часот) 

Рома мора да победува доколку сака догодина да игра во Лигата на шампионите. Калјари со добри игри во финишот на сезоната успеа да побегне од опасната сезона и ќе игра во Серија А и во следното издание.

Рома има одлична серија од 9 натпревари без пораз против Калјари, дома редовно го победува тимот од Сардинија и очекувам и овојпат „римската волчица“ да ги освои бодовите. Ќе типувам единица со најмалку два гола во мрежата на гостинот.

Предлог тип: 1&Т1 (1.71)

 

Интер – Јувентус (Сабота, 20.30 часот)

Дербито на Италија очекувам да донесе интересен фудбал. Интер мора да победи за да стаса многу блиску до настап во Лигата на шампионите и следната сезона, а првакот на Италија, Јувентус игра за престиж.

Гостите немаат императив, но во овие дуели победите се исклучително важни, па очекувам Старата дама да игра во полн состав и да оди на победа.

Веројатно најдобро е да се типува на голови, а очекувам да има најмалку по еден погодок на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

Лехија Гданск – Легија Варшава (Сабота, 20.30 часот)  

Ова е натпреварот за титулата, натпревар на сезоната во Екстракласа. Двете екипи имаат по 63 бода на врвот и триумф на дербито веројатно ќе значи и шампионска титула.

Тимот од Гданск нема победа на последните 7 натпревари со Легија, гостите се со многу поголемо реноме, но Лехија ќе компензира со тоа што го игра најважниот дуел во сезоната пред своите гледачи.

Јас ќе типувам двојка, односно победа на мојот поранешен тим. Навивачки, но верувам во нова титула за варшавска Легија.

Предлог тип: 2 (2.55)

 

Вилјареал – Уеска (Недела, 18.30 часот)

Домаќинот е премногу квалитетен тим за да не игра и следната година во Ла Лига. Вилјареал навреме се разбуди и со три победи по ред успеа да се најде на позиција која нуди спас и опстанок во една од најсилните лиги на светот.

Уеска игра за почит, не се предаваат и нанижаа пет меча без пораз, но домаќинот има подобра екипа.

Единица и сигурен опстанок за жолтата подморница.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести