Жорди Кројф за можното враќање на Меси во Барса: соништата се бесплатни, фудбалерите не се!

Уште од моментот кога си замина од Барселона во летото 2021 година, се зборува за можно враќање на Лионел Меси во клубот во кој се прослави и стана светска фудбалска икона.

И за претстојното лето кога на Меси му истекува договорот со Пари Сен Жермен, се зборува за таква опција, но спортскиот директор на Барса, Жорди Кројф, вели дека тоа не е лесна мисија, и тешко ќе биде да го убедат Аргентинецот да се врати во клубот од кој беше практично избркан.

„Има доста пречки на патот за враќање на Меси, како на пример финансискиот ферплеј. Соништата се бесплатни, но фудбалерите не се“ – рече Кројф.

- Оглас -

Најнови вести