Жозе го освојува „Инстаграм“: Сите на тренинг во 12 часот (фото)

 

Тотенхем го осигурi пласманот во нокаут-фазата од Лигата на Европа, но Жозе Мурињо не беше задоволен од настапот на своите играчи во ремито од 3-3 на гостувањето кај ЛАСК Линц.

Специјалниот критикуваше одредени играчи по мечот кои во него не влегле со исто ниво на ентузијазам и желба за надигрување како противниците, па со интересна објава на „Инстаграм“ закажа тренинг на екипата за денес во 12 часот.

„Да не излезевме на теренот со балансиран состав во кој имаше неколку стандардни првотимци, немаше да издвоиме поволен резултат. Уште на загревањето забележав дека дел од моите играчи не се возбудени како противниците за средбата и знаев дека тоа ќе ни се удри од глава“, истакна Мурињо.

Затоа наместо фудбалерите да се рехабилитираат утринава, ќе мора да се подготвуваат за дербито против Арсенал кое е закажано за во недела од 17:30 часот.

Мурињо од неодамна има профил на популарната социјална мрежа и постепено со вакви слични објави почна да ја освојува публиката.

- Оглас -

Најнови вести