Жозе нема да одмора од фудбалот, брзо ќе го заборави отказот од Тотенхем

Веста дека Жозе Мурињо повеќе не е менаџер на Тотенхем беше засенета поради хаосот кој го предизвикаа 12-те клубови кои ја формираа новата Суперлига.

Специјалниот одредено време повторно ќе биде без обврски, односно нема да биде дел од фудбалскиот крем, но посочи дека не планира да одмора, што навестува дека многу брзо може да се случи неговиот камбек. Притоа Мурињо не сакаше да го коментира своето разрешување од функцијата менаџер на тимот од Северен Лондон.

„Ме познавате, знаете дека молчам околу овие работи. Немам што да кажам. Нема потреба ниту да земам одмор, не сум уморен. Јас секогаш сум активен во фудбалот“, посочи сега веќе експредовдникот на Тотенхем.

Во својата речиси дведецениска тренерска кариера, Мурињо за првпат не успеа да освои ниту еден трофеј со Тотенхем, за разлика од неговите успеси во Порто, двапати во Челзи, Реал Мадрид, Интер и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести