Зидан: Јовиќ е нашата иднина

Реал Мадрид вечерва ќе ги одмери силите со Валенсија во првото полуфинале од шпанскиот Суперкуп. Во пресрет на овој меч познато е дека Зинедин Зидан не може да смета на тројца клучни играчи – Карим Бензема, Герет Бејл и Еден Азар.

Поради тоа се прават комбинации во каков состав Кралевите би истрчале на теренот во Џеда, а се претпоставува дека Лука Јовиќ ќе го предводи нападот. Зидан зборуваше токму за младиот српски голгетер кој уште е во процес на адаптирање на новата средина по летната преселба од Франкфурт во Мадрид.

„Јовиќ е нашата иднина, секако дека е една од опциите за вечерашниот дуел. Тој е момче кое сака да учи и да напредува, многу е добар во својот занает, само треба да има трпение. Сигурен сум дека за брзо време ќе го покаже потенцијалот, има поддршка од цел клуб, а треба и ние, како и вие медиумите да бидеме трпеливи со него“, истакна Зидан.

Дуелот Валенсија – Реал Мадрид е закажан за 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести