Зидан, Меси и Кристијано во еден, против Марадона, Ибра и Роналдо во друг тим

Интернет-изданието на порталот „Гол“ состави два моќни тима по кои секој може да спореди дали подобра 11-ка може да има од играчи кои освоиле или од играчи кои никогаш не освоиле европска клупска титула. Легенди има на двете страни.

Идеалниот тим од фудбалери кои освоиле Лига на шампионите, според „Гол“, изгледа вака: Касилјас, Пужол, Неста, Малдини, Рамос, Чави, Џерард, Иниеста, Зидан, Меси, Кристијано Роналдо. Резерви би биле: Тери, Лам, Сидорф, Рој Кин, Раул, Роналдињо, Анри.

Верувале или не, следниве фудбалери никогаш не освоиле ЛШ: Буфон, Кјелини, Канаваро, Ѕамброта, Турам, Виера, Тоти, Марадона, Батистута, Ибрахимовиќ, Роналдо Назарио. Во ова друштво се и: Матеус, Балак, Роберто Баџо, Веан, Кантона, Ван Нистелрој, Недвед.

- Оглас -

Најнови вести