Зидан не го повика во составот, а Реал го фали колку е добар тој играч (Видео)

Реал Мадрид вечерва ќе гостува кај Леганес, во последниот меч од 32-рото коло во шпанската Примера дивисион. Реал нема шанси да се бори за титулата во првенството, па единствен мотив за игра до крајот ќе им биде да успеат да го стигнат градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој е на второто место на табелата.

За дуелот против Леганес, тренерот Зинедин Зидан се одлучи да повика 19-мина играчи, а меѓу нив го нема Серхио Регилон. Левиот бек кој се избори да биде дел од стартната постава кога беше тренер Сантијаго Солари, сега нема место ниту за на клупата за резерви.

Регилон нема да игра вечерва, но тоа не беше проблем за да се стави клип токму од голот кој Регилон го даде на тренингот, и тоа пред очите на Зидан. Видеото на кое Регилон дава гол е поставено веднаш откако Зидан соопшто дека тој играч нема воопшто да заигра против Леганес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести