Зимскиот човек дава гол на секој меч во Ла Лига, денеска тагуваше за поразот на Бетис (Видео)

Напаѓачот на Бетис, Хуанми има импресивен учинок во последните 30 дена и постигнува најмалку по еден гол на секој натпревар во Ла Лига, а ги има вкупно 7 на пет меча.

И вечерва погоди против Атлетик Билбао во шесттата минута, во тој момент за 1:1, но за разлика од претходните четири дуели кога погодоуваше и Бетис победуваше, сега тимот од Севилја загуби со 3:2 на гостински терен.

Мечот беше исклучително добар со два пресврти и предност на Атлетик од 1:0, па на Бетис од 1:2, за на крај да заврши со триумф на Баскијците од 3:2.

Хуанми ја почна гол-серијата против Елче на 21. ноември кога даде еден гол, а Бетис победи со 3:0.

Потоа постигна хет-трик во победата против Леванте од 3:1, па сам ја урна Барса на „Камп Ноу“ со гол за победа од 1:0 и во минатото коло беше стрелец на еден погодок во победата од 4:0 против Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести