Златан: Не работев цела кариера за да дојдам во МЛС и да ме споредуваат со Карлос Вела

Златан Ибрахимовиќ одигра блескав меч во дербито на Лос Анџелес и со хет-трик донесе победа на Галакси од 3:2. Кај противничкиот тим два погодоци даде Карлос Вела, кој е прв стрелец во МЛС и има пет гола повеќе од Ибрахимовиќ. Пред мечот, новинарите го споредуваа Златан со Ибрахимовиќ, а тој се налути и им објасни зошто не може да ги споредуваат.

„Јас сум многу подобар фудбалер од Вела. Тој е во најдобрите години и игра во МЛС. Знаете ли каде играв јас кога имав 29 години? Да, во Европа. Е тоа е голема разлика“, рече пред средбата Ибра, а дури по мечот следуваше вистинското шоу. „Не сум работел цела кариера за да на крајот дојдам во МЛС и ме споредуваат со Карлос Вела. Новинарите направија голема грешка. Не може да споредуваат Ферари и Фиат. Ете и на овој меч покажав дека сум најдбар фудбалер во оваа лига“, објасни Ибрахимовиќ. Трите гола на Златан може да ги видите тука.

И покрај поразот, ФК Лос Анџелес остана лидер на Западот со 46 бодови, а Галакси на Ибрахимовиќ е втор со 37 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести