Златан: Немам што да докажам веќе, на 39 години играм за Шведска и Милан

Златан Ибрахимовиќ својот камбек во шведската фудбалска селекција го означи со две асистенции во победите над Косово и Грузија во мундијалските квалификации.

Ѕвездата на Милан и тоа како донесе квалитет во конкурентната репрезентација на Шведска, а по вчерашната убедлива победа над Косово, Ибрахимовиќ истакна дека во овој период од кариерата му преостана да се забавува, бидејќи веќе нема како да докаже дека е фудбалер од светска класа.

„Сега сум во тотално спротивна ситуација. Немам повеќе што да докажам, не ми остана ништо друго освен да се забавувам со тоа што го работам. Имам 39 години, а играм за шведската репрезентација и Милан. Нема многу играчи кои на моја возраст може да се пофалат со истото“, посочи Ибрахимовиќ.

Во октомври ќе наполни 40 години, но Златан е витален и физички подготвен да игра на врвно ниво, па нема да биде изненадување доколку ја продолжи соработката со Росонерите и по крајот на оваа сезона, особено што двете страни го посакуваат тоа.

- Оглас -

Најнови вести