Златната копачка на пат кон Рим

На почетокот на март полека станува јасно дека Златната копачка која ја добива најдобриот стрелец во Европа, за оваа сезона нема да ја земе ланскиот победник Лионел Меси. Аргентинецот од Барселона е далеку зад лидерот Чиро Имобиле од Лацио.

Имобиле има постигнато 27 голови, што се 54 поени во трката за прв стрелец. Среќна околност за него е што второпласираниот Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој има 50 поени, е повреден и нема да игра на следните неколку меча за Баварците, па Италијанецот треба повеќе да стравува од Ерлинг Халанд, Кристијано Роналдо или Тимо Вернер, кои имаат по 42 поени.

Меси ,кој беше Златна копачка во претходните три сезони, во моментов има 36 поени, исто колку и Килијан Мбапе. Од 2008 наваму, први стрелци во Европа најчесто беа Меси или Кристијано Роналдо, а по еднаш им се вмешаа Диего Форлан и Луис Суарес. Се чини дека и Имобиле може да му се приклучи на ова елитно друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести