Зошто Калјари е зрел за Втора лига? Погледнете каков калабалак им се случи со Торино (Видео)

Калјари игра очајна сезона во Серија А, а и вечерва му се случи голем кикс на голманот Крањо, по кој Карбони си постигна автогол за водство на Торино од 1:0.

Во 32-рата минута лошо реагираше голманот на Калјари, а левиот бек Карбони се обиде да спаси гол, па си постигна автогол.

Првично се чинише дека Санабрија е стрелец за Торино, но потоа голот е заведен како автогол на Карбони. Моментот од 32-рата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Калјари е во серија од 8 меча без победа, а има уште едно полувреме за евентуален пресврт против Торино во обидот да се прекине црната серија и да се побегне од претпоследното место.

 

- Оглас -

Најнови вести