Битка за последниот полуфинален билет во Лондон – Зверев бара рамнотежа, Ѓоковиќ очекува хет-трик против Германецот

Александер Зверев е незгоден ривал за Новак Ѓоковиќ и денеска од 15 часот ќе се обиде да приреди подвиг и со победа против најдобриот светски тенисер да израмни на 4:4 во меѓусебните дуели, но и што е уште поважно, да го резервира последниот билет за полуфиналето на завршниот тениски спектакл во Лондон.

Сепак, не е лесно да се победи најдобриот тенисер на светот во моментов, а Новак си има свои сметки и очекува хет-трик против Зверев.

На последните два меча, лани на Ролан Гарос и годинава на Адрија тур, Ѓоковиќ беше подобар од Германецот и денеска е фаворит.

На Зверев ќе му биде особено тешко бидејќи тенисер од калибар на Ѓоковиќ тешко губи два меча по ред, а Србинот веќе претрпе пораз во Лондон од Медведев.

Мечот е многу значаен и носи пласман во полуфиналето и дуел со Доминик Тим, кој заврши како првопласиран во Б групата, пред Рафаел Надал.

Веќе се знае дека Шпанецот ќе игра за финале против Медведев, тенисер кој денеска ќе игра ревијален меч без резултатско значење против Диего Шварцман.

Рускиот тенисер веќе го обезбеди првото место во А групата, а Шварцман нема шанси да го избегне последното место, дури и да го победи Медведев денеска од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести