Ѕвезда за 13 минути го стивна вулканот во Хаифа, белграѓани од негатива, стигнаа до 2:1 по првото полувреме

Црвена ѕвезда направи комплетен пресврт во Хаифа против Макаби и води со 2:1 по првото полувреме.

Белграѓани беа инфериорни во стартните 20-тина минути, а со голот на Пјеро во 18-тата минута имаа и негатива од 1:0.

Но, потоа гостите успеаја да се разбудат и во пеколот на Хаифа да приредат брз пресврт.

Пешиќ беше погоден во нога при удар од 20-тина метри во 27-мата минута, топката го смени правецот и заврши во домашната мрежа за 1:1.

Српскиот првак дополнително притисна, имаше и зицер за предност и сепак поведе со голот на Канга во 40-тата минута.

Гостите имаат предност и на првиот дуел од плејоф-фазата за настап во Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Бенфика.

Тој меч се игра во Лоѓ, а Бенфика со головите на Жилберто и на Рамос води со 2:0 по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести