Ѕвезда на Сити се сретна со Халанд на одмор на Миконос, дали лобира за трансфер? (видео)

Ерлинг Халанд и Ријад Марез се снимени како се забавуваат во ресторан на Миконос додека се на одмор, а алжирската ѕвезда на Манчестер сити се пошегува дека е во акција и го убедува Норвежанецот да направи трансфер на „Етихад“.

Секако, објавата на Марез е шега, случајно се сретна со голгетерот на Дортмунд на грчкиот остров и само се забавуваат, но нивната средба е доволна причина за навивачите на Сити да паднат во транс и да го најавуваат големото засилување на англискиот шампион.

https://twitter.com/Mahrez22/status/1404505639158697984

За Халанд интересот е огромен, покрај Реал и Барселона, го посакуваат англиските гиганти Челзи, Манчестер јунајтед и нормално Манчестер сити, односно Гвардиола е во потрага по нов напаѓач по заминување на Агуеро.

- Оглас -

Најнови вести