Ѕвезда не губи мајсторка: Црвено-белите по шести пат се шампиони на АБА-лигата!

Драматично беше и во мајсторката меѓу Црвена ѕвезда и Партизан, во која повторно имаше прекин поради нереди од страна на навивачите. Црвено-белите на крајот пред празни трибини успеаја да ја одбранат титулата во АБА-лигата по минималниот триумф од 80:77.

Ѕвезда го одржа максималниот учинок кога во прашање се мајсторки во јадранскиот шампионат. Го доби и осмиот решевачки меч во исто толку наврати, а овој триумф важи за еден од најубавите бидејќи влогот беше титула.

Домаќините само на стартот од мечот имаа 6 поени предност како највисока за нив во текот на мечот, а за разлика од претходните дуели, овојпат двете екипи беа поизедначени во реализацијата.

Партизан контролираше во поголем дел од средбата, но прекинот се случи непосредно пред почетокот на третиот период,  по што тимот на Обрадовиќ како да загуби на интензитет.

Штом се смирија старстите, екипите се вратија на паркетот, се играше кош за кош буквално до последните секунди, кои сепак припаднаа на старо-новиот јадрански првак.

Давидовац со 13 поени беше најефикасен играч од редовите на Ѕвезда, Волтерс и Калиниќ постигнаа 12, односно 11 поени. Пантер блескаше со 27 поени, меѓутоа сам не можеше да победи цел тим на Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести