Ѕвездата на Ајакс ја заведе ќерката на неговиот идол (Фото)

Еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Дони ван де Бек, за кого интерес пројавуваа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, веројатно и во следната сезона ќе остане кај Копјаниците од Амстердам. Тој е еден во низата големи таленти на Ајакс, а за неговиот приватен живот е врзана интересна приказна.

Ван де Бек почнал да тренира фудбал поради легендата Денис Бергкамп. Дони го запознал својот идол кога имал 10 години, а Бергкамп му помогнал да стане играч каков што е денеска.

Судбината сакаше денеска Ван де Бек да биде во љубовна врска со Естел Бергкамп, ќерката на неговиот идол. Тие се сметаат за еден од најгламурозните парови во Холандија. Естел е родена во Лондон, каде што татко ѝ играше 11 години за Арсенал. Нејзиниот татко нема ништо против таа да биде со одличниот 23-годишен играч за врска.

- Оглас -

Најнови вести