Ѕвездата на Манчестер јунајтед добро се снаоѓа со чистењето снег (Видео)

Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани полека се привикнува на условите во Англија. На „Инстаграм“ се пофали со снимка од неговото утринско чистење снег од автомобилот, а тоа видео на социјалните мрежи го споделија и од неговиот клуб Манчестер јунајтед.

Видеото на Кавани предизвика многу позитивни реакции. Кавани е познат по тоа што славата и парите не го сменија премногу, тој на „Инстаграм“ објавува и снимки како коси трева, како молзи крави или како работи на нива. Не му беше под чест ниту да покаже дека си го чисти снегот од колата.

Веројатно Кавани веќе се навикна на студената зима во Манчестер, а доказ е снимката.

https://twitter.com/i/status/1343514112647700480

- Оглас -

Најнови вести