Ѕвездата на Мемфис поради бројните скандали и мавтањето со пиштол остана без 40 милиони долари

НБА-лигата ги одреди трите најдобри петорки за регуларниот дел од сезонава, а во нив немаше место за бекот на Мемфис гризлис, Џа Морант, кој поради тоа остана дури без 40 милиони долари од договорот.

Минатата година Морант потпиша нов договор со Мемфис според кој во следните пет години ќе заработи 194,3 милиони долари, а доколку беше дел од една од трите најдобри петорки, тогаш договорот ќе беше за 30 отсто поголем и ќе тежеше 233 милиони долари.

Според договорот, Морант мора во сите пет сезони да биде дел од трите најдобри петорки за да може да инкасира максимални 233 милиони долари.

Морант имаше одлична сезона во која просечно постигнуваше 26,2 поени, 8,1 асистенции и 5,9, скокови по натпревар и ја предводеше својата екипа до второто место во Западната конференција, но тоа не беше доволно за да биде избран меѓу најдобрите шест бекови во лигата.

Пред Морант се Шеј Гилџес-Александер и Лука Дончиќ, кои се најдоа во првата петорка на лигата, Стеф Кари и Донован Мичел, кои се во втората петорка, како и Деарон Фокс и Дамиан Лилард, кои се дел од третата најдобра петорка во НБА.

На Морант во изборот му пресудија бројните скандали кои го следеа цела сезона. Прво беше откриено дека претепал момче додека играле баскет и потоа му се заканувал со пиштол.

Потоа, заедно со уште неколку пријатели, му се заканувале на вработен во обезбедувањето на трговски центар бидејќи не се однесувал добро кон неговата мајка.
Најголемиот скандал кој го предизвика Морант беше кога мавташе со пиштол во ноќен клуб во Колорадо, поради што беше суспендиран на неколку натпревари и од Мемфис и од НБА.

- Оглас -

Најнови вести