9.8 C
Skopje
сабота, 26 октомври 2024
No menu items!
No menu items!

Почина легендата на југословенската и хрватската кошарка Мирко Новосел

Кошарката и воопшто спортот загубија уште една легенда. на 86-годишна возраст почина легендарниот Мирко Новосел. Повозрасните се сеќаваат на неговите игри на кошаркарскиот терен, но и како еден од најтрофејните југословенски и хрватски тренери во историјата.

Новосел 14 години играше за Локомотива од Загреб, денешна Цибона, а потоа беше и тренер на овој клуб. Ќе биде запаметен како човекот кој го донесе Крешимир Ќосиќ во Цибона и со него во тимот во 1982-рата година ја освои првата титула во првенството на Југославија. Потоа во Цибона го донесе и легендарниот Дражен Петровиќ и веќе Цибона беше европски гигант и ја освои континенталната титула.

Како селектор на репрезентацијата на Југославија освои злато на Олимписките игри во Москва во 1980-тата година, сребро на Олимпијадата во Монтреал во 1976-тата и бронза на ОИ во Лос Анџелес во 1984-тата. На Светските првенства освои едно злато (1978), едно сребро (1974) и две бронзи (1982 и 1986).

Беше предводик и на репрезентацијата на Хрватска со која ги постигна најголемите успеси после осамостојувањето на државата освојувајќи сребро на Олимпијадата во Барселона во 1992-рата и бронза на Европското првенство во 1993-тата.

Од 2007-мата година беше член на Куќата на славните во Спрингфилд.

- Оглас -

Најнови вести