Металург во второто полувреме „падна“ против Спортинг

Металург неуспешно стартуваше во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Спортинг загуби со 26:34, во послабиот дел од групите. Вториот македонски претставник имаше сили само за едно полувреме да парира на португалскиот ривал.

По 30 минути игра резултатот беше 13:13, со што тимот од Автокоманда покажа дека има квалитет. Сепак, вторите 30 минути беа во целосна доминација на Спортинг. Домаќините поведоа и потоа полека, но сигурно само ја зголемуваа предноста. Металург немаше одговор за нападот на домаќините, па во вториот дел прими дури 21 гол.

На крајот Спортинг стигна до посакуваната победа, а Металург шансата за прв триумф ќе ја бара на свој терен, на 23 септември, во дуел против Бешикташ.

Во останатите мечеви кои денеска се играа во ЛШ: Бешикташ – Прешов 22:28, Монпелје – Вардар 24:27, Веспрем – Киелце 29:27 и Кристијанштад – Мешков Брест 30:32.

- Оглас -

Најнови вести