100 отсто сум сигурен дека Салах налето ќе го напушти Ливерпул, во Саудиска Арабија ќе биде крал

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Марк Лоренсон, нема добри вести за навивачите на Црвените кога станува збор за Мохамед Салах.

Според Лоренсон, на крајот од сезоната, освен менаџерот Јирген Клоп, екипата ќе ја напушти и Салах.

„100 отсто сум сигурен дека Салах налето си заминува. Што е да се случи оваа сезона, мислам дека договорот меѓу двете страни е постигнат уште минатото лето“, изјави Лоренсон.

Минатото лето, Ливерпул ги одби сите понуди за Салах, па дури и таа од Саудиска Арабија која беше вредна 200 милиони фунти, но налето нема да се повтори истата ситуација.

„Салах ќе оди да игра во Саудиска Арабија. Се надевам дека Ливерпул добро ќе заработи од трансферот и дека ќе може да донесе квалитетни засилувања. Салах во Саудиска Арабија ќе биде крал Тој можеше да си замине минатото лето, но одлучи да остане на „Енфилд“ уште една сезона“, додава Лоренсон.

- Оглас -

Најнови вести