Аргентина и Србија подготвуваат кошаркарски лекции за Русија и Италија

Италија – Србија (13:30 ч.)

Дуел кој треба да го даде победникот во групата во која по првите две кола гледавме само ревијални средби. Србија веќе има поизитивна кош-разлика од 106, додека Италија е на плус 77. Фактот дека имаат повеќе од 100 поени на меч и дека двете селекции се шутерски расположени, најавува дуел со повеќе поени, иако сега одбраните ќе бидат многу поцврсти.

На последните пет меѓусебни средби, Србија најчесто без многу мака победувала, па така треба да биде и попладнево на Мундобаскетот.

Предлог тип: 2-2&>159,5 (2.50)

 

Русија – Аргентина (14:30 ч.)

Пред почетокот на Мундијалот, некои го спореа квалитетот на руската селекција, па дури се најавуваше дека нема да ја поминат групата, односно дека Нигерија има повеќе шанси од нив. Сепак, Зборнаја покажа искуство и ги доби мечевите со Нигерија и Јужна Кореја, па сега против Аргентина нема што да загуби.

Овие две селекции играа само пред неколку дена во пријателски меч. Иако тогаш двата тима калкулираа, Гаучосите покажаа дека се многу посилни и победија со 85:64, па и сега не се очекува да има некоја поголема промена во формата.

Предлог тип: 2& >161,5 (2.50)

 

Беретини – Монфис (19:30 ч.)

Никогаш претходно овие двајца тенисери не играле меѓу себе. Монфис е многу поискусен, додека Бертини покажува дека е од новата генерација тенисери на кои во иднина треба да се внимава. Французинот по четврти пат ќе игра четврт-финале, а досега само еднаш играл во полуфинале, и тоа во 2016 година во Њујорк.

Италијанецот е опасен ривал, но сепак Монфис е премногу долго во тенисот за да си дозволи луксуз и да загуби. Подобриот од овој меч во полуфиналето може да игра со Рафаел Надал, доколку Шпанецот го помине четврт-финалниот дуел.

Предлог тип: 2&> 39,5 (2.90) 

 

Либерија – Сиера Леоне (20 ч.)

Во Африка започнува првата фаза од квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Ова е меч во кој Либерија треба да ја искористи предноста на домашен терен пред реваншот на гости. Овие две селекции досега играле три меча и сите завршиле со ист резултат. Либерија се радувала на победа од 1:0.

Сиера Леоне нема постигнато гол во последните три меча, па вистинско изненадување ќе биде ако гостите ја затресат мрежата на Либерија. Во Африка речиси е загарантирано да нема многу голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.86)

 

Етиопија – Лесото (15 ч.)

Етиопија има одиграно само два меча во 2019 година и има две победи. И Лесото е во добра форма, па во 2019 година, во шест меча има само еден пораз во меч од 90 минути. Во двата досегашни меча на овие екипи, Етиопија има две победи од 2:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести