Македонија го гази Израел, не погодивме златни шанси за предност по првиот дел

Македонија одигра одлично прво полувреме во Бер Шева, а ни фали само подобра реализација на шансите за предност против домаќинот Израел.

По почетната иницијатива на Израелците, која траеше кратко, гостите диктираа темпо и, за жал, не погодуваа чисти шанси. Енис Барди со топовски удар се обиде во 27-мата минута, но Марсијано реагираше како мачка и со прекрасна парада спречи водство на Македонија.

Веднаш потоа и Езџан Алиоски во контранапад во ситуација два на еден шутираше, но беше непрецизен. И Елиф Елмас имаше одлична шанса, но не ја искористи, а ревијата на утки на нашата репрезентација во првото полувреме ја заврши Илија Несторовски со лош удар во 40-тата минута.

Израел постигна гол по катастрофалната грешка на голманот Димитриевски, но, за среќа, Дабур играше со рака, па погодокот беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести