Интернасионал доби подарок од Бразилската фудбалска конфедерација за победа против Сао Пауло

Интернасионал – Сао Пауло (Серија А Бразил, 00 часот)

Ова е дерби на 18. коло во најсилната бразилска лига, а гостите ќе бидат хендикепирани поради отсуство на четири репрезенативци.

Бразилците одлучија да нема прекин во првенството, иако нивната национална селекција ноќеска играше со Колумбија, а полошо во случајов мина Сао Пауло.

За гостите поради обврски во репрезентацијата против Интернасионал нема да играат Дани Алвеш, Гомеш, Валке и Дош Сантош, а и Пато е повреден, па јасно е дека е тоа огромен хендикеп за четвртопласираната селекција на табелата и голема шанса за победа на домаќинот.

Интернасионал има и добар биланс во последно време против Сао Пауло. Има само еден пораз на последните 7 дуели и најмногу заради кадровските проблеми на гостите ноќеска е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Гоијас – Палмеирас (Серија А Бразил, 02 часот)

Сосема неочекуван развој на настаните кај Палмеирас доведе до смена на легендарниот Луис Фелипе Сколари. Почетокот на сезоната беше одличен, но потоа дојде и црната серија од шест меча без победа, притоа и елиминацијата во четвртфиналето на Копа Либертадорес, па Сколари доби отказ.

Ноќеска ќе треба да се прекине низата од шест меча без триумф против незгодниот домаќин Гоијас. Палмеирас има и проблеми со отсуство на Ангулјо и Вевертон, кои синоќа беа на различни страни на дуелот меѓу Бразил и Колумбија.

И домаќините имаат кадровски проблеми, ќе играат без петмина играчи што се стандардни, па се очекува тешка и неизвесна битка на „Сера Дурада“ стадионот.

Палмеирас е фаворит, има подобар состав, но мора и да внимава, особено да не се повтори бродоломот од пред пет години, кога како гостин загуби со 0:6 од Гоијас.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.44)

 

Синсинати – Торонто (МЛС, 01.30 часот)

Синсинати е најслабата екипа во шампионатот, односно во американско-канадската МЛС лига и има само 18 бодови, за убедливо последно место.

Имаат лоша серија од 8 меча без победа и во тој период загубија и од Торонто на гостински терен со 1:2. Имаат само едно реми во последните два месеци и се во исклучително лоша форма.

Ако е некаква утеха за Синсинати на последните шест меча редовно даваа барем по еден гол, а се очекува и ноќеска да ја погодат мрежата на Вестберг.

Торонто бие голема битка за седмото место во Источната конференција, последно кое води во плејофот и сега мора да го победи Синсинати за да им побегне на големите конкуренти, пред се на Монтреал и на Орландо и Чикаго.

Ова е втор меѓусебен дуел на двете екипи и ќе типуваме нова победа на Торонто во комбинација со Гол-Гол.

Предлог тип: 2&ГГ (2.95)

 

Орландо – Лос Анџелес ФЦ (МЛС, 01.30 часот)

Орландо во лош момент влезе во криза и заостана во битката за плејофот во Источната конференција. Имаат само една победа на последните шест меча и веќе не се во зоната на екипи што би играле плејоф според моментната позиција на табелата.

Екипата од Лос Анџелес доминира во регуларниот дел од сезоната и со 62 бода е убедливо најдобриот тим во конкуренција на 24 екипи.

Малку попуштија во последните две кола и претрпеа пораз од Минесота на домашен терен, а претходно одиграа нерешено во градското дерби со Лос Анџелес Галакси.

Проблем за нив е што најдобриот стрелец и играч во Лигата, Карлос Вела се жали на повреда и не играше ноќеска за Мексико против САД на пријателскиот меч. Мексиканецот игра импресивно и досега во 29 кола постигна 27 гола и има 15 асистенции што е фантастичен ефект.

Двете екипи имаат само еден меѓусебен меч, а Лос Анџелес го доби убедливо со 4:1. И сега се фаворити, но на Орландо очајно му требаат бодови, па најдобра опција е да се типува дека и двете мрежи ќе се тресат.

Предлог тип: ГГ (1.50)

 

Колорадо – Сиетл (МЛС, 03.00 часот)

Сиетл гостува кај омилениот ривал во МЛС, против кого има неверојатна серија од 7 победи. Саундерс се второпласирани на табелата во Западната конференција и веројатно ќе играат во плејофот, ако не се случи чудо. За печат на настапот во доигрувањето им треба осма победа по ред против Колорадо.

Проблем за гостите е што имаат четворица повредени играчи, сите стандардни првотимци, а и фактот што одиграа трилер меч со Галакси и загубија на неверојатен начин, откако прокоцкаа предност од 3:1 во последните половина час и беа поразени со 3:4.

Колорадо заостанува многу зад екипите од плејоф фазата. Моментно се 12 бодови зад Лос Анџелес Галакси и им треба чудо и долг серијал од победи за настап во доигрувањето.

Црнта серија од 7 порази против Сиетл им создава притисок на играчите на Колорадо, но ќе мораат да играат офанзивно и на победа, што најавува меч со многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.78)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести