Криза го тресе Атлетико, Аваи сонува трет подвиг против фаворитите

Аваи – Атлетико МГ (Бразил, Серија А, 01 часот)

Атлетико Минеиро е во страшна криза и нареди пет порази по ред. Има и еден е од полуфиналето во Копа Судамерикана од Колон во првиот дуел од двомечот за пласман во финалето.

Многу време за рехабилитација нема, бидејќи аргентинскиот состав ќе гостува на „Раимундо Сампајо“ во Бело Хоризонте на реванш за три дена. Првиот меч заврши со победа на Колон со 2:1, што не е лош резултат за Атлетико и значи дека популарните „Алвинегро“ имаат одлична шанса да играат за трофејот во Копа Судамерикана.

Но, претходно треба да ја прекинат црната серија од пет порази во домашното првенство во дуелот против Аваи на гостински терен.

Аваи е последен на табелата во Серија А, но покажа знаци на живот во последно време со две сензационални победи на гостински терен против Атлетико Паранаенсе и со Флуминенсе, и двете со по 1:0. Им требаат бодови за бегство од дното на табелата и ќе бидат незгоден противник за гостинот од Минеиро, кој мора да игра на победа, но и да ги штеди силите за реваншот со Колон.

Тренерот на гостите, Родриго Сантана, веројатно ќе мора да ги одмори Ди Санто, Мајкон и останатите столбови во играта на Атлетико, што е шанса за Аваи за трет подвиг во кус период.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.86)

 

Монтреал Канедиенс – Торонто Мејпл лифс (НХЛ, подготвителен меч, 01 часот)

Иако е претсезонски меч, канадското дерби секогаш привлекува големо внимание. Во „Бел центар“ во Монтреал ќе играат двете најтрофејни екипи во историјата на северно-американската хокеарска лига.

Канаѓаните се 24-кратни прваци во НХЛ, убедливо најтрофејни во една од најсилните лиги на светот, а Мејпл лифс имаат 13 пехари во Стенли купот и се веднаш зад лутиот ривал од Канада на вечната листа со трофеи.

Монтреал одигра четири подготвителни мечеви како загревање за стартот на НХЛ-лигата и сè уште нема пораз. Сосема спротивно, Торонто нема ниту една победа и нареди четири порази.

Ланската сезона заврши подобро за Торонто, екипа која играше во плејофот, но загуби со 4:3 од Бостон, додека Монтреал за влакно не успеа да се пласира во плејофот.

Се работи за два великани на хокејот кои имаат голем ривалитет, но сепак, се работи за пријателски меч и ќе одиграме дека ќе има многу голови.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.70)

 

Душан Лајовиќ – Хуан Игнасио Лондеро (тенис, АТП Ченгду 04 часот)

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на двајцата тенисери што имаат одличен напредок во последните сезони. Лајовиќ има 29 години, а во април годинава го забележа најдобриот ранкинг во кариерата со 23-тото место на АТП-листата.

Ноќеска српскиот тенисер е фаворит против Аргентинецот, кој е во одлична форма. И 26-годишниот тенисер од Кордоба годинава го забележа најдобриот пласман на АТП-листата со скок на 56-тата позиција во јули.

Лондеро е еден од најмалерозните тенисери сезонава, откако двапати мораше да игра против великаните на светскиот тенис на гренд слем турнирите. На Ролан Гарос во осминафиналето налета на Рафаел Надал и епилогот беше очекуван, пораз од 0:3.

И во Њујорк на Отвореното првенство на САД немаше среќа, мораше да игра со Новак Ѓоковиќ во втората рунда и пак беше елиминиран со пораз од 0:3.

Лајовиќ одигра помалку мечеви од Лондеро во последниот дел од сезоната резервиран за турнири на тврда подлога и тоа му дава мала предност на Аргентинецот.

Србинот треба да компензира со квалитет, подобро е рангиран, па кога се ќе се стави на вага, се очекува неизвесен меч во Ченгду.

Предлог тип: >21.5 гема (1.77)

 

Симона Халеп – Барбара Стрицова (тенис, ВТА Вухан, 05 часот)

Нема дилеми која тенисерка е фаворит за победа бидејќи Халеп е многу поквалитетна од Стрицова. Чехинката е во зенитот на кариерата, има 33 години и сè повеќе се врти кон игра во двојки. Таму е неприкосновена и има одлични 27 ВТА-титули, за разлика од скромните две во сингл.

Ова ќе биде дуел на две тенисерки што биле број 1 на ВТА-листата. Двојната гренд слем шампионка Халеп беше најдоброрангирана светска тенисерка во поединечна конкуренција, додека Стрицова и сега е број 1 во игра на женски парови.

Во Вухан ќе играат шести пат меѓу себе, а билансот е совршен за Халеп. Романката има пет победи против Стрицова и сите се без загубен сет. И квалитетот е апсолутно на нејзина страна, па очекуваме нов триумф од 2:0 на четвртата носителка на турнирот.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести