Барселона и Јувентус сигурно победуваат, Арсенал во дуел со екс европски првак

Арсенал – Нотингам форест (20:45 ч.)

Арсенал прифати да игра вечерва во Лига купот, иако самопред 50-тина часа играше во првенството против Астон вила. Топчиите сигурно ќе бидат без Лаказет, но можно е да се случи неколку првотимци и да одмораат, што, секако, е шанса за младите играчи да се докажат.

Нотингам е во одлична серија и девет меча не знае за пораз, но фактот дека е во Шампионат лигата го прави аутсајдер на гостувањето во Лондон.

Предлог тип: T1 1+I & T1 3+ (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Барселона – Вилјареал (21 ч.)

Барселона има очаен старт во првенството. Само со две победи во пет меча, веќе заостанува четири бода зад Реал Мадрид, што значи дека веќе не смее да си дозволува нови киксови. Вилјареал е во серија од две победи без примен гол.

Ова е дуел на двете најефикасни екипи. Барселона и Вилјареал досега постигнаа по 12 погодоци, што е знак дека треба да се очекуваат погодоци. Кога се игра на „Камп ноу“, секогаш главна опција е победа на Барселона, и тоа со голови уште во првото полувреме. На последните 11 меѓусебни меча секогаш имало најмалку по два гола, па така треба да биде и вечерва.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

Бреша – Јувентус (21 ч.)

Само во седум дена ова е трет меч на Јувентус, кој е без повредените Кјелини, Коста, Де Шилјо и Перин. По пауза од осум години, Бреша се враќа во Серија А и дуелот со шампионот, секако, е голем мотив за домашните. Сепак, фактот дека Јувентус веќе има едно реми на гости (кај Фиорентина) е знак дека Старата дама мора да одигра многу поквалитетно и да не си дозволи нов кикс.

Кристијано Роналдо не ја доби наградата за најдобар според ФИФА и вечерва може да се очекува да ги докаже своите голгетерски способности.

Предлог тип: 2& 2-4 (2.30)

 

Монако – Ница (21 ч.)

Монако продолжува да се мачи во Франција. Тимот од Малото Кнежевство уште нема ниту една победа. Ница е опасен ривал, а интересно за гостите е тоа што сезонава на сите шест меча резултатот е 2:1 или 1:2 (четири пати победија, два пати загубија). И Монако на пет од шесте средби игра 3+, па јасно е дека треба да се очекуваат голови.

Предлог тип: 1-3 & 1-3 II (1.88)

 

Ѓургарден – Фалкенберг (19 ч.)

Дуел на две екипи со сосема различна цел. Домаќините се лидери на табелата и се обидуваат да ја задржат предноста пред Малме и АИК, додека Фалкенберг се бори да не испадне. Гостите ја имаат втората најслаба одбрана и во просек примаат точно по два гола на меч, додека Ѓургарден е офанзивно настроен.

Во последните шест меѓусебни дуели Ѓургарден секогаш победува и во просек дава речиси три погодоци. Сѐ освен победа на домаќините, и тоа барем со два гола разлика ќе биде изненадување.

Предлог тип: 1+ I & 2+ II (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести