Калјари не знае како против Наполи

Рома – Аталанта (Серија А, Италија, 19 часот)

Двата последни дуели меѓу Рома и Аталанта беа ултраефикасни и завршија со идентичен резултат 3:3. И двата дуели се играа во Рим, па сега се очекува и реприза третпат по ред.

Рома и на стартот од оваа сезона дава многу голови, по 4 кола во Серија А е втората најефикасна екипа со 10 погодоци, колку што има и Сасуоло.

Проблем за Римската волчица е отсуството на Ундер, кој е повреден, а ќе недостасуваат и Запакоста и Пероти.

Со ефикасност не заостанува ниту Аталанта со 9 постигнати погодоци, а овој пар денеска е како порачан за игра на голови.

За гостите од Бергамо веројатно нема да игра Мјуриел, поради болест, што би бил сериозен хендикеп за Аталанта.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.90)

 

Базел – Цирих (Суперлига, Швајцарија, 20 часот)

Најголемото дерби во Швајцарија често во минатото имаше и трето полувреме, со инциденти на улиците на Базел и Цирих и тепачки меѓу навивачите.

Ривалитетот е голем во последно време, а сè уште во Швајцарија ги паметат немилите сцени од мај 2006 година.

На „Сент Јакоб“ на Базел му требаа победа или реми за титула, но со голот на Филипеску во финишот Цирих победи со 2:1 и ја освои титулата.

Бесните навивачи на Базел влетаа на теренот и ги нападнаа гостите, а 13 мај сè уште се памети по, како што го нарекоа Швајцарците, најголемиот срам на Базел во историјата на градот.

Денеска домаќините се фаворити, одлично го почнаа шампионатот и се лидери со 16 бодови, колку што има и Сион. Цирих доживеа два тешки порази од по 0:4 на стартот од Лугано и потоа од шампионот Јанг бојс и е екипата со најмногу примени голови. Гостите доаѓаат со уште еден товар, а им тежат четирите едноподруго порази од Базел.

Домаќините се во топ-форма и по стартниот пораз од Сент Гален, нанижаа шест меча во домашното првенство без пораз.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.25)

 

Реал Мадрид – Осасуна (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Осасуна нема дерман кога гостува на „Сантијаго Бернабеу“, а во последно време особено им е тешко на гостите да играат против Реал.

Кралскито клуб нанижа неколку импресивни победи против денешниот ривал, а се памети голеадата од 7:1 во 2011 година и хет-трикот на Кристијано Роналдо, потоа и победите од 5:1 и 5:2, а имаше и еден триумф од 4:0.

Реал фати чекор во Ла Лига и сè уште нема пораз, исто како и Осасуна, што е и мало изненадување во режија на клубот од Памплона.

И двете екипи имаат многу проблеми со повреди на играчите, но секако тоа полесно ќе го прегрми Реал бидејќи има подолга клупа со поквалитетни резерви.

Триумф на Кралскиот клуб му го носи лидерското место на табелата по шест кола и очекуваме домашна офанзива на „Сантијаго Бернабеу“ од стартот на мечот.

 

Предлог тип: 1&0-29 минута (2.15)

 

Наполи – Калјари (Серија А, Италија, 21 часот)

Наполи е машина за голови и убедливо најефикасниот клуб во Италија по првите четири кола во Серија А. Наполитанците одлично стартуваа и во Лигата на шампионите, имаат моќен состав и одлични резерви, па се очекува и вечерва да продолжат во ист ритам, победнички и против Калјари.

Интересен за овој дуел е и податокот дека Калјари не го победил Наполи на последните 18 меѓусебни дуели во Серија А, што е веројатно и за рубриката на „Рипли“.

На гостите од Сардинија и вечерва ќе им биде тешко да стигнат до подвиг, пред сè, поради квалитетот на Наполи, формата на домаќините, традицијата и отсуството на четири многу важни играчи. Сигурно нема да настапат Паволети, Крањо, Фараго и веројатно Најнголан. Тоа е голем хендикеп за Калјари и шанса за Наполи со уште една победа да остане во топ-3 на табелата во Калчото.

Предлог тип: 1-1&2+ прво полувреме (2.80)

 

Фиорентина – Сампдорија (Серија А, Италија, 21 часот)

Фиорентина и Сампдорија имаат неочекувано лош старт на новата сезона во италијанското првенство и засега се на последните две позиции.

Клубови со традиција од рангот на овие две екипи и играчи како Кјеза, Рибери, Квалјарела, Габијадини… сигурно можат и повеќе и подобро.

Сампдорија ја мачат и проблеми со сопственикот на клубот Масимо Фереро, кој сè уште не одлучил дали ќе го продава клубот или не, што е веројатно и главен проблем за клубот од Џенова.

Фиорентина има квалитетни играчи, се засили со Франк Рибери, во составот има неколку репрезентативци на различни земји и се очекува што поскоро да побегне од последната позиција, во моментов и како единствена екипа по четири кола што нема победа.

Во последно време двете екипи играат ефикасни мечеви, па ќе типуваме дека ќе има голови и во мрежата на Драговски и на спротивната страна во голот на Аудеро.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести