Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)
Овде се освен ефикасен натпревар ќе биде разочарување за публиката. Двете екипи играат отворен фудбал и затоа типувам голови на двете страни со најмалку три погодоци на мечот.
Предлог тип: ГГ3+ (1.76)
Челзи – Брајтон (Сабота, 16 часот)
Момците на Френк Лампард полека се будат, тоа го покажаа и во средата кога дадоа 7 гола на куп мечот против Гримзби.
Мислам дека се фаворити на овој натпревар и типувам единица со најмалку два гола во мрежата на Брајтон.
Предлог тип: 1&Т1 (1.73)
Легија – Лехија Гдањск (Сабота, 17.30 часот)
Дерби за врвот во полската Екстракласа. Нормално предност и давам на мојата Легија, а во прилог оди и традицијата која е на страна на домаќинот. Типувам единица во Варшава.
Предлог тип: 1 (1.85)
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (Сабота, 21 часот)
Дербито на Мадрид е секогаш тешко за типување, но мислам дека вечер ќе има голови и тоа на двете страни со најмалку три на мечот.
Последните меѓусебни дуели им беа ефикасни, а би било добро за нас како љубители на фудбалот да гледаме ефикасно дерби.
Предлог тип: ГГ3+ (2.18)
Јагелонија – Погон (Недела, 15 часот)
Уште едно дерби и уште еден кец според мене. Мислам дека домаќинот е поквалитетен и традиционално Погон им е редовен муштерија. Јагелонија постојано ги победува на свој терен, а има четири триумфи по ред. Единица и во Бјалисток.
Предлог тип: 1 (2.20)