Бока и Фламенго ќе донесат радост на своите навивачи

Бока џуниорс – Њуел Олд Бојс (01:00 ч.)

Бока има гранитна одбрана и по седум меча во првенството нема примено ниту еден гол. Цели 630 минути трае серијата на аргентинскиот гигант без да прими гол, а интересно ќе биде дали ќе се одбрани на свој терен и во дербито против Њуел Олд Бојс.

На четири од последните пет меча Бока се радувала, а еднаш било нерешено. Њуел Олд Бојс го има третиот најопасен напад со 12 дадени гола, па се очекува да биде шоу ноќеска во Буенос Аирес.

Предлог тип: 1& T1 2+ (2.88)

 

Фламенго – Сао Паоло (00:00 ч.)

Фламенго игра одлично и затоа е лидер во првенството, додека гостите се со добра шанса да се борат за третото место на табелата. Фламенго го има има убедливо најдобриот напад и во просек дава повеќе од два гола на меч. Сао Паоло игра цврста одбрана и досега прими само 13 гола, а има дадено само 23.

Фламенго има перфектен биланс на домашен терен со 10 победи во 10 натпревари пред своите фанови со гол разлика 29 дадени и само 9 примени гола. Сао Паоло е тим кој на гости игра одлично и има пет победи во 10 средби и се очекува интересен дуел.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.75)

 

Депортиво Кали – Патриотс (03:00 ч.)

Домаќините се фаворити, но тоа треба да го докажат и на теренот каде сезонава имаат четири победи, едно реми и пораз, со само два примени гола досега. Патриотс на гости нема ниедна победа, но фактот дека четири пати ремизирале од шест средби ги прави опасен ривал.

Гостите не може да се пофалат со некоја сигурна одбрана, па може да се оечкуваат погодоци.

Предлог тип: 1Х& 2-4 (1.81)

 

Унион Еспанола – Депортес И. (01:00 ч.)

Унион Еспанола има заборавено како е да се победува во првенството, па немаат триумф на последните осум средби. Депортес е тим кој е како порачан за домаќините конечно да стигнат до трите бода, бидејќи гостите се со 23 бода од 21 бод.

Двете екипи имаат слаба одбрана, а тоа се потврди и во првиот меѓусебен дуел, кога Депортес славеше со 3:2 на свој терен. Сега Еспанола е фаворит и повторно се очекува да има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

- Оглас -

Најнови вести