Време е Милан да се оправи, ова е ден за голчиња

Лече – Рома (15 ч.)

Ова е меч кој би требало да биде гаранција за погодоци. Во досегашните пет мача на кои игра Римската волчица просекот е четири гола, а и просекот на Лече е преку три гола на дуел сезонава во Серија А. Лече очајно стартуваше пред своите навивачи, па по поразите од Верона (0:1) и Наполи (1:4), се домаќинот со најлош учинок.

Меѓу себе немаат играно седум и пол години, но интересно е што на последните 14 меѓусебни дуели секогаш имало повеќе од два гола (на 11 било и 3+), па се очекува повторно да има голови.

Предлог тип: ГГ3+ (1.73)

 

Милан – Фиорентина (20:30 ч.)

Поминаа само пет кола, а веќе се зборува за смена на тренерот на Милан. Росонерите имаат многу слаб напад, па досега дадоа само три гола, но затоа одбраната им е солидна и прими само пет голови. Фиорентина стартуваше со два порази во сезоната, но потоа одигра нерешено со екипи од Лигата на шампиони (Јувентус 0:0 и Аталанта 2:2), за да во последниот меч конечно и победи. Виолетовите играат отворен фудбал, и сигурно ќе го намачат Милан, кој е под притисок дека мора да победи.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.35) – квота на денот во Sport Life 

 

Лестер – Њукасл (17:30 ч.)

Лестер игра одлично на свој терен, а Њукасл е гостин како порачан за освојување на три бода и радост на домашните фанови. Сепак, традицијата вели дека Свраките на последните две гостувања на „Кинг Пауер“ си оди со победи, па ќе биде интересен дуел.

Сезонава веќе играа еднаш и тоа во 1/32-финалето од Лига купот. Лестер се радуваше на победа на стадионот на Њукасл, но дури по изведување на пенали, бидејќи резултатот во регуларен дел беше 1:1.

Предлог тип: Т1 1+&1+II (2.85) – квота на денот во Sport Life

 

Севилја – Реал Сосиедад (21 ч.)

До пред две кола, Севилја беше лидер во Примера, но по поразите од Реал Мадрид и Еибар, тимот како да ја загуби самодовербата. Сосиедад е во сосема контра расположение. Тимот има три победи во низа и со голем оптимизам го очекува овој меч.

Се работи за две екипи кои сакаат да играат офанзивно, да даваат погодоци, па не е чудно дасе повтори сликата од последниот дуел кога Севилја беше домаќин, а на крајот имаше дури седум гола (5:2).

Предлог тип: 1+I&3+ (2.20) квота на денот во Sport Life

 

Марсеј – Рен (21 ч.)

Дерби кое ветува голови. Меѓусебните дуели велат дека традиција е да има возбудувања, а на крајот често знае да заврши и без победник. На последните осум меча на овие клубови имало вкупно 31 гол, што значи речиси четири погодоци по меч.

Рен нема победа на последните пет средби, тешко дека тоа ќе го направи во Марсеј, но сигурно ќе игра отворено

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести