Панче Ќумбев храбро се фати во костец со дерби натпреварите што следат викендов, а предвидува триумфален од на домашните екипи.
Челзи ќе ја продолжи серијата од 11 меча без пораз и во дуелот со Манчестер јунајтед, популарното дерби „Дела Мадонина“ во Италија ќе му припадне на Интер, а гостите од Бремен ќе „паднат“ во Гелзенкирхен, вели нашиот редовен гостин во викенд изданието со предлози, анализи и типови од европските првенства.
Челзи – Манчестер Јунајтед (Сабота, 13.30)
Дербито ова коло во Премиерлигата е на Стемфорд Бриџ. Дефинитивно ќе биде многу интересен дуел на две големи екипи. Мислам дека фаворит на овој натпревар е домаќинот. Тимот од Лондон фати залет и на последните единаесет натпревари Челзи има девет победи и две нерешени средби. Манчестер Јунајтед се уште игра по принципот „топло-ладно“ под водство на Жозе Мурињо. Типувам единица на дербито.
Предлог тип: 1 (1.80)
Интер – Милан (Недела, 20.30)
Уште едно големо дерби викендов, и тоа градско. Вечните ривали ќе играат меѓусебе во ситуација кога и двата тима имаат форма во нагорна линија. Меѓутоа за мене благ фаворит овде е условно речено домаќинот заради поголемиот и поквалитетниот ростер на играчи.
Предлог-тип 1 (2.50)
Шалке 04 – Вердер Бремен (Сабота, 18.30)
Шалке полека почнува да заличува на оној Шалке што добро го познаваме. Победи во последните три натпревари и очекувам дека и на овој дуел ќе слави. Иако за противник го има оваа сезонава разиграниот Вердер, верувам дека домаќинот ќе ги освои бодовите. Проблем за домашниот тренер Доменико Тедеско е што има дури 13 играчи кои нема да настапат, или се неизвесни, но тимот од Гелзенкирхен некако се навикна на ваква ситуација и фати ритам со победите.
Предлог тип: 1 (2.10)
Лех Познањ – Корона Кјелце (Сабота, 20.30)
Лех игра одлично како домаќин и во Познањ се знае, нападот е главното оружје. Оваа екипа е ефикасна и постигнува доста голови. Корона има солиден состав, меѓутоа игра слабо во гости и мислам дека домаќинот има предност во овој дуел.Типувам дека бодовите ќе ги освои Лех и тоа со најмалку два постигнати гола.
Предлог-тип. 1&Т1 (2.28)
Валенсија – Леганес (Сабота, 16.15)
Конечно ова е шанса Валенсија да победи дома, затоа што му доаѓа „најдарежливиот“ гостин во шпанската Ла Лига.
Во последните шеснаесет натпревари како гостин Леганес има одиграно само три пати нерешено и има дури 13 порази. Овде на некој начин ќе ја почитувам статистиката и традицијата и верувам дека Валенсија конечно ќе биде онаа екипа од минатото првенство, кога играше одлично.
Предлог-тип 1 (1.58)