Флорида пантерс – Каролина хурикејнс (НХЛ, 01 часот)
Интересен старт има Каролина со три победи во дополнително време, две од нив со златен гол во продолженијата и една против Вашингтон на пенали.
Почетокот за Ураганите е одличен, а веројатно ниту тие самите не очекуваа хет-трик во првите три меча откако загубија четири по ред во подготвителниот период.
Блескавиот талент Андреј Свешников, кој има само 19 години, со четири асистенции најавува нова добра сезона, а на стартот разиграни се и Даги Хамилтон и Ерик Хаула, па Каролина ќе оди на четврта победа по ред.
Флорида тргна во новата сезона на НХЛ со два дерби-меча со големиот ривал Тампа Беј, а си поделија по една победа. Првиот напад со Барков, Дадонов и Хубердо им е тивок, но затоа разигран е Мајк Хофман, кој им даде три гола и имаше асистенција против Громовите од Тампа. Канаѓанецот продолжува во ист стил како и лани, кога имаше одлични 70 поени во првата сезона како хокеар на Флорида, и пак ќе биде еден од главните адути.
Двете екипи даваат, но и примаат доста голови на стартот од сезоната и нашиот тип ќе биде дека ќе го продолжат тој тренд и ноќеска во „BB&T“ центарот.
Предлог тип: >5.5 гола (1.75)
Њујорк ајландерс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01 часот)
Едмонтон има исклучително млад тим со неколку екстра таленти, а посебно се издвојува напаѓачкиот тандем од првата постава, Леон Драјсајтл и Конор Мекдејвид. Само по два одиграни меча, тие двајца веќе имаат по пет поени во комбинација со голови и асистенции, што најавува дека Едмонтон во ова издание на НХЛ ќе биде опасен противник за сите.
Тука е и вечниот талент Наџент-Хопкинс, кој беше прв пик на драфтот, но сè уште не го потврдил докрај талентот. Со него во втората напаѓачка постава е и ветеранот Џејмс Нил, хокеар кој беше најдобар стрелец на една страшна генерација на Питсбург пингвинс во оваа декада.
Ајландерс имаат искусен тим со хоекари со амбиции да се стигне до плејофот. Почнаа со пораз од Вашинготн, но го победија Винипег, кој има силен тим и е кандидат за висок пласман. Сепак, Едмонтон е во налет со две победи на стартот и ќе типуваме дека ќе мине без пораз и на гостувањето во „Наса колосеумот“ во Њујорк.
Предлог тип: Х2 (1.78)
Питсбург пингвинс – Винипег џетс (01 часот)
Питсбург повторно има дрим-тим за титула, а со напаѓачи како Крозби, Малкин, Галченјук, Бјугтштад, Хорнквист… сите напаѓачки линии се страшно моќни, па сезонава ќе гледаме еден страшно офанзивен потенцијал кај еден од главните кандидати за титулата.
Пингвините почнаа со пораз од Бафало, но потоа го декласираа многу солидниот состав на Колумбус со 7:2.
Ноќеска ривал ќе им биде Винипег, клуб кој има амбиции за плејофот, но има послаб тим од ланскиот, кој дури беше најавуван како прв фаворит за титулата.
Џетс стартуваа со два порази и една победа на пенали, па ќе се обидат да се вадат против Питсбург, но домаќините се апсолутни фаворити и ќе типуваме дека ќе победат.
Предлог тип: 1 (2.05)
Вашингтон капиталс – Далас старс (НХЛ, 01 часот)
Ѕвездите од Далас почнаа неочекувано лошо, со три порази на три меча, што е несоодветно за квалитетот што го имаат.
Тим со хокеари од калибарот на Сегуин, Радулов, Павелски, Бен… не смее да си дозволи луксуз од четири порази уште на самиот старт од сезоната. Но, прашање е како да се заборави шокот од двата последни неуспеси, иако Далас водеше и против шампионот Сент Луис и со Детроит, но на крајот загуби.
Патем, и ноќеска противник е еден од главните кандидати за титулата, Вашингтон, преводен од Овечкин, Бекстром, Вилсон, О’Ши… Домаќините имаат одличен состав, со прекалени хокеари кои имаат само една цел, повторно да се освои пехарот во Стенли купот.
На стартот го победија актуелниот првак Сент Луис во драматичен меч што го реши Врана со гол во продолжение, потоа славеа и против Ајландерс, но загубија од Каролина. За да се оствари целта, мора да се победува и шансата за триумф на Вашингтон против Далас е голема и поради кадровските проблеми на гостите.
Ноќеска за Далас нема да настапат: Комо, Дикинсон, Ханзал, Пери, Полак и Џонс, што е хендикеп за нив и предност за Вашингтон.
Предлог тип: 1 (2.15)
Детроит ред вингс – Анахејм дакс (НХЛ, 01 часот)
Навивачите на Детроит и на Анахејм се во одлично расположение по победничкиот старт на двете екипи. Почнаа со по две победи, а серијата може да ја продолжи само еден тим, по нивниот меѓусебен дуел ноќеска.
Детроит нема големи ѕвезди во составот, но има компактен тим што успеа да ги победи посилните од себе, Нешвил и Далас на стартот од новата сезона. Блеска напаѓачот Ентони Манта со пет гола и две асистенции, а одличен е и Бертуци со два гола и три асистенции. Проблем за нив е што не им игра веројатно и најдобриот хокеар во тимот, Андреас Атанасиу, кој лани им беше топ-играч со 54 поени.
Повторно и ноќеска нема да играат и Ериксон и Дејли, но Детроит е во убава позиција и игра без некаков императив. Славните времиња на Црвените крила од крајот на минатиот и почетокот на овој век, кога беа освоени четири титули, е далеку за овој состав, но плејофот и не е недостижна цел.
И Патките играат одлично на стартот од новата сезона преводени од ветеранот Рајан Гецлаф. Хокеарот што целата кариера ја мина во дресот на Анахејм и беше дел од генерацијата што ја донесе единствената титула во клупските витрини во 2007 година сè уште е марка во НХЛ.
Капитенот ја предводи летечката армија на патките многу успешно на стартот од оваа сезона, а ноќеска Анахејм ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази на последните гостувања кај Детроит.
Предлог тип: Х2 (1.58)