Гојас е закон во Бразил, нема да загуби ниту од Ботафого

Ботафого – Гојас (Бразил, Серија А, 00.15 часот)

Неј Франко прави одлична работа со тимот на Гојас, кој моментно е во најдобра форма од 20-те екипи во бразилскиот шампионат. Имаат четири победи по ред и му одат на гости на Ботафого, екипа која по четири порази по ред, го смени тренерот Барока.

Гојас сега има шанса да се бори за шестата позиција, која гарантира квалификации за настап во Копа Либертадорес, што би било голем успех. Интересно е што најдобар стрелец им е Кајке, играч кој е Бразилец, но игра за Катар.

Одлично играат и Мајкл и Уругваецот Барсија и тоа е ударното трио на Гојас, од кого се очекуваат голови и ноќеска на „Олимпико“ во Рио де Жанеиро.

Ботафого ќе се обиде да направи пресврт и да ја прекине серијата порази, но Гојас е во страшна форма и ќе типуваме дека ќе остане непоразен.

Предлог тип: Х2 (1.58)

 

ЦСА – Интернасионал (Бразил, Серија А, 00.15 часот)

Центро Спортиво Алагоано има интересна приказна и 106-годишна фудбалска традиција, но без значајни успеси во Бразил. Најчесто играа во понизок ранг, а и сега бијат битка за опстанок во Серија А.

Интернасионал има многу поголемо реноме во бразилскиот фудбал и е само една од шесте екипи во Јужна Америка што ги има освоено Копа Либертадорес, Копа Судамерикана и Рекопа Судамерикана, или популарната триплета.

Моментно се шести на табелата во Серија А и имаат шанси да останат на позиција што води во Копа Либертадорес. Интересно во моментов е тоа што најдобар стрелец им е дефанзивецот Еденилсон, кој е некогашен соиграч на Горан Пандев во Џенова.

За ЦСА Буено има постигнато пет гола, или повеќе од една третина од вкупно 14 што ги има постигнато целиот тим, што е проблем за домаќините. Мечот е многу значаен за двата клуба и ќе типуваме дека Интернасионал нема да загуби во дуел со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-2 гола (1.85)

 

Гремио – Сеара (Бразил, Серија А, 02 часот)

Гремио ќе игра со Сеара, но сите во клубот мислат само на реваншот со Фламенго во Копа Либертадорес, вреден финале. Првиот меч заврши нерешено, 1:1, па сега Гремио е аутсајдер, но секако има шанси.

Во меѓувреме мора да се победи Сеара за да се остане во игра за нов настап во Копа Либертадорес. По серијата победи, Гремио има два меча по ред без триумф во домашното првенство, но и убава шанса против скромниот состав на Сеара.

Проблем за Гремио е што нема да играат Жеромел, Оливеира и Леонардо, но домаќините се подобри и имаат големи шанси да победат.

Шанса на гостите е да се потпрат на расположениот стрелец Тијаго Галјардо, кој е играч од средниот ред, а веќе постигна девет гола и во горниот дел на листата со најдобри стрелци во Бразил.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Сантос – Палмеирас (Бразил, Серија А, 02:30 часот)

Ова е големото дерби на 24-тото коло во Серија А во Бразил, а влогот е огромен. Кој ќе победи ноќеска, ќе остане во трката со Фламенго за првата позиција, а лидерот навива за успех на домаќините, што би била можност за нив да направат разлика од 8 бода.

Сантос има проблем во последните дуели со Палмеирас и нема победа на последните 7 меѓусебни дуели. Но, ноќеска на својот „Вила Белмиро“ мора да победи за да ги задржи шансите за шампионската круна. Во спротивно, може да се најде во ситуација да има 11 бодови помалку од Фламенго, што би било недостижно за нив.

Палмеирас исто така нема многу простор за калкулации и ќе оди на победа против ривалот што му „лежи“ во последно време.

Бруно Енрике, Дуду и Луиз Адријано кај гостите и Едуардо Саша, Карлос Санчес и Џеферсон Сотелдо кај домаќините ќе бидат главните адути за победа.

Бидејќи се работи за дерби што одлучува многу работи во битката за врвот, ќе типуваме дека нема да има победник.

Предлог тип: Х (2.95)

 

Медведев – Поспишил (Тенис, АТП Шангај, 06.30 часот)

Данил Медведев игра извонредна сезона и најавува дека во иднина ќе биде еден од главните тенисери на АТП тур. Рускиот ас посебно се истакна во финалето на Отвореното првенство на САД, кога успеа од 0:2 да израмни на 2:2 во сетови против Рафаел Надал во едно од најубавите финалиња во последно време на гренд-слем турнирите. На крајот по епска битка загуби од Надал, но ги освои симпатиите на тениските фанови.

Освојуваше и титули годинава, одигра неколку финалиња на значајни турнири, а во Шангај дојде со титулата од Санкт Петербург.

За разлика од него, кариерата на Вашек Поспишил е во надолен тренд. Канаѓанецот моментно е на 187-мата позиција на АТП-листата, а го мачат и повреди. Беше 25-ти на светот, што му е највисок ранкинг, но тоа беше пред пет години.

Во 2019 година беше и на операција на препоните и потоа играше турнири од послаба класа, какви што се челенџерите. Има едно четврт-финале на Вимблдон во сингл во 2015 година и една титула на истиот гренд слем, но во машки двојки една сезона претходно. Нема ниту еден пехар од АТП-турнирите во поединечна конкуренција, а речиси сигурно ќе го продолжи трендот и во Шангај бидејќи ривал во осминафиналето му е извонредниот Медведев.

Третиот носител е во топ-форма и во моментов е пресилен за Поспишил, па ќе типуваме на победа на фаворитот од 2:0.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 (1.35)

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести