Хрватска е голем фаворит, но внимавајте, „Пољуд“ е проколнат за Коцкестите

Хрватска – Унгарија (20:45 ч.)

Меч кој може да реши многу дилеми во групата Е. Коцкестите се лидери, но имаат само еден бод повеќе од Словачка и Унгарија, а свои калкулации има и Велс. Унгарија изненадувачки победи во март со 2:1, што значи дека Хрватска има дополнителен мотив да се реваншира.

По четири години пауза, стадионот „Пољуд“ во Сплит ќе биде домашен терен за Хрватска. „Пољуд“ едноставно како да е проколнат за националниот тим, па во 12 мечеви одиграни досега, има само една победа, дури седум нерешени и четири порази. Победена е само Грузија, и тоа едвај со 2:1, со пресврт во второто полувреме, на меч одигран пред осум години.

Сега, Хрватска е голем фаворит и со помош на публиката која треба да ги исполни сите трибини се очекува победа против Унгарија, која може да се пофали со победа и три ремиja во последните четири средби со Коцкестите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

Русија – Шкотска (20:45 ч.)

Русија со победа вечерва може дури и официјално да си обезбеди место на завршницата на ЕП 2020 година. Зборнаја игра одлично и по стартниот пораз во квалификациите, нареди пет победи со одлична гол-разлика од 18 дадени и само 4 примени гола.

Само пред еден месец Русите славеа на гости кај Шкотска и сега не смее да си дозволат луксуз, па дома да не ги освојат трите бода.

Предлог тип: 1Х& 0-2 (1.82)

 

Казахстан – Кипар (16:00 ч.)

Меч за престиж, односно за освојување на третото место во групата. Минатиот месец Кипар дома одигра 1:1 со овој ривал, па сега Казахстан е во позиција да се радува пред своите фанови. Двете селекции не внимаваат многу на одбраната, па затоа често примаат голови, но знаат да бидат и ефикасни во нападот.

Во трите меѓусебни средби, секогаш имало погодоци на двете страни, па тој просек очекуваме да се задржи и по денешниот дуел.

Предлог тип: 1+I&1+II (2.00)

 

Холандија – Северна Ирска (20:45 ч.)

Можеби делува чудно, но Северна Ирска е пред Холандија во групата, што значи дека притисокот е врз Лалињата. Во последните 40 години овие две селекции досега играле само еднаш, и тоа во 2012 година, кога Холандија победи со 6:0.

Едноставно, домаќините на „Де Кајп“ во Ротердам мора да победат за да не дозволат да има каква било дилема околу тоа која селекција треба да оди на ЕП 2020. Во 4 меча, Холандија има дадено 14 гола, што во просек е 3,5 по меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.00)

 

Летонија – Полска (20:45 ч.)

Ова треба да биде игра на „мачка и глушец“. Летонија е убедливо најслабата селекција во групата во која е и Македонија, па затоа има шест порази во исто толку меча. Во просек Летонија прима по 3,5 гола по меч. Ако се знае дека Полска има опасен напад, може да очекуваме голеада на гостите вечерва.

Предлог тип: T2 1+I& T2 3+ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести