Њу Џерси девилс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01 часот)
Ѓаволите од Њу Џерси лошо ја почнаа сезоната и имаат три порази на три меча, што ги доведе до претпоследното место на табелата во Источната конференција во НХЛ-лигата.
Чекаат на титула 19 години, но како што играат, тешко дека ќе се изборат за плејоф, што беше целта пред стартот на новата сезона.
Едмонтон конечно по долг период потсетува на шампионските денови од 80-те и 90-те години од минатиот век, кога освои пет титули во седум сезони од 1984 до 1990 година. Ојлерс имаат три победи по ред и со Анахејм го делат врвот на табелата во Западната конференција.
Ветеранот Џејмс Нил со шест погодоци е прв стрелец во НХЛ, а блескаат и Конор Мекдејвид со 8 поени и Леон Драјсајтл со 7 поени. Ова трио е незапирливо, а нафташите од Едмонтон играат суператрактивно и победуваат на стартот од новата сезона.
Гостите имаат подобар тим, со неколку млади играчи кои најавуваат доминација во НХЛ, и ќе типуваме дека повторно ќе победат и тоа во ефикасен меч.
Предлог тип: 2&5+ (3.31)
Монтреал канедиенс – Детроит ред вингс (НХЛ, 01 часот)
Ова е еден од класиците во НХЛ и дуел меѓу две екипи со најмногу финалиња во Стенли купот. Монтреал, кој е прв на вечната листа со 24 пехари и уште 9 финалиња што ги има загубено, ќе игра против црвените крилја од Детроит, кои имаат 11 титули во 24 финални натпревари.
Монтреал има интересен старт со три меча што завршија во дополнително време. Ноќеска загубија со залтен гол во продолженијата од Бафало, а претходно добија еден меч на пенали и на истиот начин еднаш и загубија.
Од најтрофејниот клуб во историјата на хокејот во Северна Америка секогаш се очекува атак на титулата, но се чини дека има и доста подобри тимови сезонава од нивниот, па тешко ќе стигнат до евентуална завршница.
Детроит е во процес на реконструкција, во преоден период кога се создава тим за во иднина, но одлично ја почна сезоната и има две победи и еден пораз од Анахејм.
Добра вест за нив е што почна да игра и напаѓачот Андреас Атанасиу, па сега се комплетни и можат да му создадат многу проблеми на големиот ривал.
Монтреал дава и прима многу голови на почетокот на сезоната, а ќе мора да оди на прва победа во регуларен дел, што секако ќе биде и цел и на гостите. Очекуваме ефикасен меч на две екипи со огромно реноме во НХЛ-лигата.
Предлог тип: >5.5 гола (1.75)
Питсбург пингвинс – Анахејм дакс (НХЛ, 01 часот)
Питсбург налета на мина на последниот дуел со Винипег џетс и беше декласиран на домашен терен со 1:4. Го има можеби и најдобриот состав во Лигата, со ѕвезди од калибарот на Крозби, Малкин, Летанг, Галченјук…но квалитетот треба да се потврди на мразот. Не почнаа според очекувањата, а сега на гости им доаѓа опасниот состав на Анахејм.
Патките почнаа моќно во стилот на некогашниот прекар „Mighty Ducks“ од времето кога играа две финалиња во периодот од 2003 до 2007, а ја освоија и единствената титула пред 12 години. Имаат три победи по ред и што е најважно за нив, единствениот член од шампионската генерација што се уште игра, капитенот Рајан Гецлаф е во одлична форма.
Одбраната на Анахејм е непробојна и прими само три гола на три меча, по еден против Њу Џерси, Сан Хозе и Аризона, па ќе треба повторно да биде на ниво за успех во Питсбург. Анахејм е во налет и типуваме дека нема да загуби од ѕвездениот состав на домаќините.
Предлог тип: Х2 (1.74)
Отава сенаторс – Сент Луис блус (НХЛ, 01.30 часот)
Отава повторно е последна на табелата, позиција на која ја заврши ланската сезона. И сега почна лошо, со два порази, па кризата продолжува да ги тресе редовите на еден од најсилните клубови во минатата декада.
Се чини дека Сенаторите тешко наоѓаат замени за легендарните Спеца, Алфредсон, Хејтли…, кои го доведоа клубот до единственото финале во модерната ера, во 2007 година, кога Анахеј беше подобар во финалната серија за пехарот.
Првата напаѓачка линија со Ткачук, Вајт и Рајан е искусна и добра, но немаат доволно квалитетен ростер за некаков поголем напредок од ланската сезона.
Шампионот Сент Луис повторно е еден од фаворитите за титулата што лани ја освоија со старт од петтата позиција во плејофот. Направија подвиг со повеќе победи на гости отколку дома и по три загубени финалиња, конечно го донесоа пехарот од Стенли купот во клупските витрини.
Тарасенко, Шен и Шварц повторно се ударните игли на актуелниот првак, одлични се и вториот и третиот напад во ротацијата и не би требало да имаат проблеми да ја победат Отава.
Предлог тип: 2 (1.80)
Нешвил предаторс – Вашингтон кепиталс (НХЛ, 02 часот)
Во „Бриџстоун арената“ ќе се игра едно од дерби-мечевите во долгата програма од 11 натпревари ноќеска, а ќе се судрат два сериозни кандидати за висок пласман.
Нешвил има одличен тим, а и за Вашингтон, предводен од најдобриот хокеар на денешницата Александер Овечкин, не треба да се трошат премногу зборови.
Двете екипи се меѓу најдобрите во последно време. Вашингтон ја освои првата титула во НХЛ преклани, а една година претходно Нешвил го играше првото финале во Стенли купот, но не успеа да стигне до пехарот и беше поразен од Питсбург.
Домаќините имаат комплетен тим од страшно квалитетни хокеари. Ако се знае дека вториот напад им го сочинуваат хокеари од калибарот Форсберг, Душене и Гранлунд, доволно говори за квалитетот на Предаторите.
И Вашингтон е моќен со Овечкин, Вилсон, Бекстром, О`Ши, Кузнецов…, па се очекува вистинско дерби и многу голови во градот на музиката.
Предлог тип: >5.5 гола (1.80)