Фудбалски карневали во Рио де Жанеиро и Бело Хоризонте

Форталеса – Фламенго (Серија А, Бразил, 01 часот)

Фламенго е во страшна форма со серија од 15 меча без пораз и е голем фаворит за победа што ќе го приближи до титулата во Бразил.

Жорж Жесус беспрекорно го предводи клубот што има шанса за две многу вредни титули. Во домашниот шампионат, „црвено-црните“ се лидери со 8 бода предност пред Палмеирас и 10 пред Сантос, па на „Маракана“ се очекува шестиот трофеј, прв по 10 години пауза.

Фламенго има одличен резултат во бразилското полуфинале во Копа Либертадорес против Гремио откако ремизираше 1:1 на гости на првиот меч.

Проблем ноќеска ќе им биде отсуството на неколку стандардни првотимци. Против Форталеса нема да играат третиот и четвртиот стрелец во Серија А, Бруно Енрике и Џорџијан де Араскаета, што е голем хендикеп за лидерот. Веројатно ќе одмори и Филипе Луис, кој не е потполно фит, но поттик е што топ-голгетерот во Лигата, Габигол, може да игра.

Форталеса бие битка за опстанок и бодовите се важни и за домаќинот. И тие имаат кадровски проблеми, а неизвесен е настапот на Карвалјо, Едерсон, Алвес и Тавареш. Форталеса би била задоволна и со бод, но Фламенго е во топ-форма и има поквалитетен тим, па ќе типуваме дека ќе победи и ќе постигне најмалку два гола.

Предлог тип: 2&T2 (2.08)

 

Палмеирас – Шапекоенсе (Серија А, Бразил, 02 часот)

Палмеирас сè уште има шанси за подвиг и за напад на првото место, што моментно е во посед на Фламенго со 8 бода предност. Шансата популарните Вердао ја гледаат во напорниот распоред на натпревари на ривалот. Фламенго игра на два фронта, го чека тежок реванш-меч со Гремио за финале во Копа Либертадорес, па битката за титулата не е завршена.

Токму по поразот од Фламенго во големото дерби играно на први септември, Палмеирас го смени тренерот Сколари и потегот се покажа како добар. Мано Менезес има само еден пораз на девет меча откако е поставен за кормилар на второпласираниот тим во Серија А. Рекордот од 10 титули во Бразил ќе остане недопирлив и годинава, но во Палмеирас не се откажуваат и од 11-та ѕвездичка.

Ноќеска на гости им доаѓа фенерџијата Шапекоенсе. По големата трагедија пред 3 години, кога им се случи авионска несреќа, клубот успеа да опстане, но годинава игра слабо и има само три победи во 25 кола, па неизбежна ќе биде преселбата во понизок ранг ако не се случи чудо.

Шапекоенсе има 10 бода минус во однос на Сеара и тешко ќе се спаси. И сега се аутсајдери против Палмеирас, клуб против кого немаат победа на последните три меѓусебни дуели. Ќе типуваме дека серијата ќе продолжи.

Предлог тип: 1-1 (1.58) 

 

Крузеиро – Сао Пауло (Серија А, Бразил, 02 часот)

Еден од двата големи дерби-дуели во 26-тото коло во Бразил ќе се игра на „Минеирао“ во Бело Хоризонте, а и бодовите се важни, и престижот и ривалитетот се големи.

Станува збор за две од четирите екипи, заедно со Фламенго и Сантос, што никогаш не испаднале од Серија А.

Но, сега ситуацијата со популарните лисици е алармантна. Крузеиро е во зоната за испаѓање со долга серија од 9 меча без победа во сите натпреварувања.

Крузеиро го смени и легендарниот Рожерио Сени од тренерската позиција, но и на Абел Брага не му оди ништо подобро. Имаат само 4 победи во досегашаните пет кола и ако сакаат опстанок и избегнување на прва преселба во понизок ранг во историјата на бразилската Серија А, ќе мора да одат на победа против големиот ривал.

Поранешните бразилски репрезентативци Тијаго Невеш и Фред се главните адути и најдобри стрелци на Крузеиро и заедно постигнаа половина од вкупно 19 голови на тимот.

И на спротивната страна има ексрепрезентативци на Кариоките, а најпознати се Дани Алвес и Пато, па некако во тој поглед силите ќе бидат израмнети.

Крузеиро го нема победено Сао Пауло на последните четири дуели, но мора да атакува на три бода. Гостите бијат битка за пробив меѓу квартетот најдобри екипи во Бразил, што гарантира настап во Копа Либертадорес.

Предлог тип: Х (2.80)

 

Васко де Гама – Ботафого (Серија А, Бразил, 02.30 часот)

На ред е едно од големите дербија на Рио де Жанеиро во квартетот клубови со огромен ривалитет, во кој влегуваат и Фламенго и Флуминенсе.

Двата клуба со исти симболи во „црно-бела“ боја ќе го разбудат Рио со ново дерби, овојпат во битка за позиции кои водат во квалификациите за настап во Копа Судамерикана.

Васко има еден бод повеќе од Ботафого, но двата големи бразилски клубови не играат добро сезонава и имаат повеќе порази од победи. Домаќинот е во малку подобра форма, но проблем на двата состави е офанзивниот дел. Постигнаа по 22 гола и се меѓу најнеефикасните екипи во првенството.

Ботафого има предност во еден сегмент, нема пораз од Васко на последните пет меѓусебни дуели, па тоа ги храбри гостите да се надеваат на нов успех.

Ова е едно од најголемите дербија во Бразил, секогаш е со посебен шарм, неизвесно и тензично, па ќе се обидеме со „нула“.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Вашингтон кепиталс – Торонто Мејпл лифс (НХЛ, 01 часот)

Торонто е најефикасната екипа во НХЛ-лигата, заедно со Нешвил, а на 28 постигнати гола, примија 24 на 7 дуели, што гарантира нов возбудлив и атрактивен меч и против Вашингтон.

И Овечкин и соиграчите играат убав хокеј, со многу постигнати и примени голови, па се очекува нов спектакл во дуелите на овие два состави.

Последните пет меѓусебни дуели им беа супер ефикасни со 6,6 голови по натпревар, а квалитетите на Овечкин, Карлсон, Бекстром, О`Ши, Марнерм, Тавареш, Капанен… ветуваат нов фестивал од голови и ноќеска во „Кепитал Уан“ арената во Вашингтон.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

 

- Оглас -

Најнови вести