Милан – Лече (20:45 ч.)
Редно време е Милан да почне да влезе во серија на победа. По трите порази по ред, Росонерите во минатото коло славеа против Џенова на гости, а сега треба да имаат полесна задача пред своите навивачи во дуелот со Лече.
Милан победил на четири од последните пет меѓусебни меча. Интересно за двата клуба сезонава е тоа што немаат реми, но тешко дека Лече ќе успее да извлече бод на „Сан Сиро“, па затоа единицата е главна опција.
Предлог тип: 1&T1 2+ (1.70) – Во квоти на денот во Sport Life за овој меч понудата е 1&2-4 (2.25)
Хофенхајм – Шалке (18 ч.)
Домаќините го имаат вториот најнеубедлив напад сезонава, а одбраната не им е баш најсигурна. Шалке во просек дава по два гола на меч, а прима еден, што значи дека може да се очекува отворен дуел со погодоци. Традицијата вели дека на последните 17 меча на овие две екипи има постигнато вкупно 60 погодоци, што во просек е по 3,5 на натпревар.
Најчесто дуелите се неизвесни, може да реши моментална инспирација, па секако дека најсигурно е да се следи традицијата и да се игра на голови.
Севилја – Леванте (21 ч.)
Севилја сезонава игра подобро на гости, отколку пред своите навивачи. Сепак, стадионот „Рамос Санчес Пискуан“ е место каде што домашните навивачи се навикнати на радости. Севилја лани ги доби двата меча против Леванте и тоа со убедливи 5:0 и 6:2.
Леванте ќе биде без повредените Робер и Оиер, а во тимот се очекува да биде нашиот репрезентативец Енис Барди. Тимот од Валенсија сезонава на гости загуби три пати од четири меча и тешко дека ќе може да се спаси од нов пораз вечерва.
Предлог тип: 1&3+ (1.75) – Во квоти на денот во Sport Life за овој меч понудата е 1&T1 3+ (2.25)
Феенорд – Хераклес (16:45 ч.)
Моменталната табела вели дека Хераклес има бод повеќе, но сепак Феенорд е голем фаворит на овој меч. Гигантот од Ротердам има седум победи по ред против овој ривал, а и денеска сѐ освен триумф на домаќините ќе биде изненадување.
Хераклес игра добро на гости и има само еден пораз во четири меча, додека сезонава Феенорд дома се радувал само два пати во пет дуели. Двете екипи играат отворено и често даваат, но и примаат голови.
Предлог тип: 1-1& 2-5 (2.75)
Копенхаген – Есбјерг (16 ч.)
Домаќините имаат неколку повредени играчи и тоа им преставува проблем, па затоа во последните пет меча освоија само четири бода и ја загубија лидерската позиција на табелата. Сепак, дуелот против Есбјерг доаѓа како нарачан за нив бидејќи се работи за екипа која е во долниот дел од табелата.
Есбјерг на пет гостувања освои само еден бод и има гол разлика 1:9. Копенхаген дома е со 4 победи и едно реми без пораз, што повеќе од јасно најавува триумф на домаќините.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.02)