Аргентинските студенти се во криза, ќе искористи Централ Кордоба

Сентрал Кордоба – Естудијантес (Аргентина, Суперлига, 00 часот)

Двете екипи играа меѓу себе пред пет дена и Сентрал Кордоба славеше со 1:0 во меч од четврт-финалето во Аргентинскиот куп.

Естудијантес ќе има шанса за реванш уште ноќеска, повторно на меч што ќе се игра на стадионот „Алфредо Терера“, но тоа ќе биде тешка мисија.

Популарните студенти играат исклучително лошо на гости и имаат четири порази во Суперлигата на четири меча со гол-разлика 1:7. Габриел Милито, поранешниот стопер на Барселона, а сега во улога на тренер на Естудијантес, нема рецепт како да ја поправи играта во одбраната на шесткратниот аргентински шампион.

Сентрал Кордоба е во победнички тренд и нанижа три успеси по ред, па и сега е фаворит против многу попознатиот и пореномиран клуб. За Естудијантес ќе биде успех и реми, но ќе типуваме дека ќе загуби во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&ГГ (7.80)

 

Бахија – Сеара (Бразил, Серија А, 00.30 часот)

Арената „Фонте нова“ во Салвадор е вистински бастион за гостинските екипи, а Бахија освои дури 25 бода на 13 натпревари како домаќин.

Ноќеска со победа домашниот тим има шанса да стигне до петтото место на табелата, со шанси потоа да се пробие и до квартетот најдобри екипи кои ќе обезбедат настап во Копа Либертадорес.

Сеара бие битка за опстанок и е најлошиот гостин во Лигата само со пет освоени бодови на 13 мечеви. Немаат триумф на 10 натпревари по ред како гости, а и ноќеска се аутсајдери против Бахија.

Проблем за домашната екипа е отсуството на Елтон, Мојсес и на Силва, но и без нив Бахија е фаворит.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

Ботафого – ССА (Бразил, Серија А, 01 часот)

Двократниот бразилски шампион Ботафого не игра добро сезонава во првенството и сè уште стравува за опстанокот. Во клубот со 115-годишна традиција воопшто не се задоволни од резултатите и од моментната 14-та позиција на табелата.

Се обидоа со смена на тренерот, си замина Барока и пристигна Валентим, но и тој стартуваше со пораз. Сега е шанса за Ботафого да забележи победа, само втора на последните 8 меча.

Сентро Спортиво Алагоана и покрај вековната фудбалска традиција, нема позабележителни резултати. И сега бијат жестока битка за опстанок и секој бод многу ќе им значи во дуелот со грогираниот гигант на бразилскиот фудбал.

И двете екипи имаат и многу проблеми со повредени играчи, што ќе донесе и попретпазлив пристап. Ќе типуваме дека Ботафого нема да загуби во меч со малку голови.

Предлог тип: 1Х&1-3 гола (1.61)

 

Торонто Мејпл лифс – Колумбус Блу џекетс (НХЛ, 01 часот)

Торонто е меѓу најефикасните тимови во НХЛ-лигата со 35 погодоци на 9 натпревари и само Вашингтон има постигнато повеќе голови на почетокот на сезоната.

Марнер и Рајли се опасен тандем и досега веќе нанижаа по 11 поени, според системот во НХЛ, каде што се сметаат заедно головите и асистенциите. И недостасува ветеранот Тавареш, кој е повреден и со него Мејпл лифс имаат тим за плејоф.

Колумбус почна поскромно и има 8 бода, три помалку од Торонто. Интересно е што во серија имаат четири меча што завршија со резултат 3:2, двапати за нив и двапати за противниците, сметајќи ги и продолженијата.

Напаѓачите им се неефикасни, тимот постигна вкупно 18 погодоци, а немаат хокеар во топ-50 според поените. Засега само Дубоа до некаде ја оправдува довербата со 4 поени.

Колумбус не игра добро против Торонто и има четири порази на последните пет меѓусебни дуели. Според формата, квалитетот, но и традицијата, ќе типуваме победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Далас старс – Отава сенаторс (НХЛ, 02.30 часот)

Ова е дерби на дното на две екипи што стартуваа исклучително лошо во новата сезона во НХЛ. Отава е во транзиција, во финишот на ланската сезона направи драстични промени и можеби и очекуван е слабиот почеток.

Далас има многу поголеми амбиции од ефектот што го има по 9 одиграни натпревари. За ѕвездите, само една победа во регуларен дел на досегашните 10 меча е катастрофален биланс.

Хокеари од калибарот на Радулов, Бен, Сегуин, Пери, Павелски… можат многу повеќе. Дел од нив имаат и титули во НХЛ-лигата, па ќе мора да покажат многу подобри игри. Им недостасуваат повредените Комо и Ханзал, но и без нив можат и мораат да ја победат Отава, која е најслабиот состав во Источната конференција.

И гостите имаат проблеми, ќе играат без искусните Калахан и Габорик, а неизвесен е и настапот на Анисимов. Имаат одличен прв напад со Наместников, Вајт и Ткачук, но им фалат повредените хокеари за подобри резултати.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести