Лука Дончиќ (НБА, Далас – Портланд, 00 часот)
Дончиќ ја почна сезоната на импресивен начин и постигна вкупно 59 поени на стартните два меча за Далас. Словенецот е поискусен, откако играше одлично и во дебитантската сезона во НБА, па сега се наметува како лидер на тимот што тргна со две победи.
Во новата сезона крај себе го има и Порзингис, кој е Ол-стар калибар и заедно можат далеку да го одведат Далас. На првите два меча одлично соработуваа, а Дончиќ со Летонецот во тимот, има повеќе простор за игра и полесно постигнува кошеви.
Границата од 25.5 поени не е превисока за еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, и лани играше добро против Портланд, па ќе типуваме на плус поени.
Предлог тип: >25.5 поени (1.87)
Кристапс Порзингис (НБА, Далас – Портланд, 00 часот)
Летонецот ја пропушти речиси целата ланска сезона, а притоа беше разменет и од Њујорк никс замина во Далас. Со тоа му се отвори перспектива да игра за тим, кој има големи шанси да настапи во плејофот и да игра и за титулата, што не е случај со Њујорк, клуб кој е во криза.
Порзингис е еден од најсестраните кошаркари во НБА лигата и може да игра на неколку позиции. Има одличен шут, a со невообичаена висина од 221 сантиметар е многу незгоден за чување како високо крило. И техниката му е силна страна, знае да игра и одбрана, во нападот е многу корисен и тој е џек-пот што го доби Далас од Њујорк.
Кристапс почна одлично во новиот тим, постигна вкупно 47 поени на два меча и ќе типуваме дека и ноќеска против Портланд ќе продолжи да ги решета кошевите во НБА лигата.
Предлог тип: >21.5 (1.87)
Демиен Лилард (НБА, Далас – Портланд, 00 часот)
Ноќеска ќе гледаме интересен дуел меѓу Лилард и Дончиќ, двајца опасни стрелци и можно е тој дуел да го одлучи и победникот.
Лилард ужива кога игра против Далас и против Дончиќ, кој не игра врвна одбрана, па бекот на Портланд во ерата на Словенецот постигнуваше многу кошеви. Серијата од лани му е трипати по 33 поени и еднаш 30, што потврдува дека Демиен игра неверојатно добро против Маверикс.
И што е најважно во топ-форма ја дочека новата сезона и веќе постигна 67 поени на стартните два меча за Портланд, па очекуваме и хет-трик од 30+ поени за Лилард, ноќеска на гостувањето во Далас.
Предлог тип: >25.5 поени (1.80)
Леброн Џејмс (НБА, Л.А. лејкерс – Шарлот, 02.30 часот)
Оваа сезона е вистински тест за велемајсторот на кошарката, а Леброн на стартот покажува дека може да одговори на секој предизвик. Лос Анџелес лејкерс го донесоа веројатно и најдобриот активен играч на светот за да освојуваат титули и немаат време за чекање.
Џејмс треба да биде одлична подлога за да се донесе уште еден НБА пехар во градот на филмот, а за таа цел летово тимот се засили и со Ентони Дејвис. Играта два на два е популарна во шемите на тренерите во НБА лигата, а Лејкерс сега има многу силни адути со Леброн и Веѓата во составот.
Почнаа со пораз од градскиот ривал Лос Анџелес клиперс, но потоа блескаше Џејмс во победата против Јута џез. Постигна 32 поени со 7 скока и 10 асистенции, па очекуваме дека и ноќеска против Шарлот, Џејмс ќе ги влече конците во играта на Лејкерс и дека ќе ја надмине границата од 24.5 поени. Лани на двата меча против Хорнетс постигна 24 и 27 поени, па реално е да се очекува сега да биде блиску до границата од 30 поени, дури и над неа.
Предлог тип: >24.5 поени (1.87)
Ентони Дејвис (НБА, Л.А. лејкерс – Шарлот, 02.30 часот)
Многу прашина се крена околу преселбата на Дејвис во редовите на Лејкерс, а по првиот неуспешен обид, конечно се случи трансфер летово.
И популарната Веѓа веднаш на стартот од натпреварите во новата сезона во НБА лигата со одлични настапи потврди дека ќе биде големо засилување на тимот, што ќе атакува на титула.
Со Џејмс и со остатокот од тимот можат да го победат секој ривал во Лигата. Особено ако Ол-стар дуото е во форма. Засега одлично соработуваат, а како ќе одминува времето се очекуваат уште подобри претстави од Леброн и Ентони и многу победи за езерџиите.
И овде ќе типуваме на плус поени, а како поткрепа е податокот дека Дејвис игра извонредно добро против одбраната на Шарлот и на последните натпревари против нив како кошаркар на Њу Орлеанс постигнуваше 46, 36 и 31 поен, што е далеку над границата од 25.5 поени што е во понудата на Sport Life за дуелот ноќеска меѓу Лејкерс и Хорнетс.
Предлог тип: >25.5 поени (1.87)