Јанг е незапирлив, оди на хет-трик 30+ против 76-те

Џулиус Рендл (НБА, Њујорк никс – Чикаго булс, 00 часот)

Крилото на Њујорк тешко се прилагодува во новата средина откако од Њу Орлеанс се пресели во Големото Јаболко. Со 25 поени против Сан Антонио на премиерата за Никс во новата сезона во НБА-лигата најави дека може да биде лидер на реновираниот состав на Њујорк, но потоа одигра два слаби меча.

Ноќеска ќе има директен дуел со Лаури Марканен, кој е солиден дефанзивец, но не и во врвот на НБА-лигата со одбраната на својот кош.

Рендл и соиграчите се под притисок бидејќи пак им се наѕира катастрофална сезона, што ја почнаа со три порази на првите три меча. Крилото на Никс сè уште е во фаза на прилагодување и ќе типуваме дека ќе остане под границата од 20.5 поени, колку што се нуди во специјалниот додаток за НБА во Sport Life.

Предлог тип: <20.5 поени (1.85)

 

Лаури Марканен (НБА, Њујорк никс – Чикаго булс, 00 часот)

Марканен лани долго отсуствуваше, имаше проблем со повреда на грбот, па ги пропушти повеќето дуели со Њујорк никс. Досега против големиот ривал од Истокот има одиграно само еден меч, и тоа извонредно, постигнувајќи 33 поени.

Њујорк е во вистински хаос, постојано ја реновира екипата во последните неколку сезони и има катастрофални настапи и резултати.

Марканен е одличен играч, едно од најдобрите високи крила во Лигата, а сè уште е млад и има потенцијал за напредок. Очекуваме негов нов добар настап и минување на границата од 20 поени против Никс.

Предлог тип: >19.5 поени (1.87)

 

Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Филаделфија 76, 00.30 часот)

Бекот на Атланта игра феноменално на стартот од новата сезона и има просек од 38.5 поени на двата меча што Хоукс ги доби против Детроит и Орландо.

Сега на Хоукс им следи уште еден дуел со ривал од Источната конференција и најтежок испит досега. И за Јанг ноќеска ќе биде вистински предизвик да потврди дека е еден од најдобрите кошгетери бидејќи против себе ќе има еден одличен дефанзивец, Бен Симонс.

Олеснителна околност за Јанг и Аталанта може да биде неиграњето на Џоел Ембид, кој е еден од најдобрите центри во НБА, но постојано се мачи со повреди. Тре знае да одигра одлично против 76-те, а на последните два меѓусебни дуели им даде 33, односно 32 поени.

Очекуваме да продолжи да игра во ист ритам како што почна и да ја мине границата од 25.5 поени.

Предлог тип: >25.5 поени (1.95)

 

Џејмс Харден (НБА, Хјустон рокетс – Оклахома тандерс, 01 часот)

Ова ќе биде специјален меч и за Харден и за Ветсбрук бидејќи играат против својот поранешен тим Оклахома. Заедно стигнаа до финале на НБА, но беа поразени од Мајами хит.

Сега повторно се тандем, но во Хјустон, иако се шпекулираше дека не се согласуваат, но на терен играат одлично за Ракетите.

За Вестбрук ова ќе биде прв меч против Оклахома, каде што мина цела деценија, додека Харден си замина малку порано и веќе има доста искуство со настапите против Тандерс. Игра извонредно против нив и на последните три меѓусебни дуели бележи просек од 40 поени.

Ноќеска повторно на мегдан му доаѓа неговиот поранешен тим, а очекуваме Брадата да продолжи да им го полни кошот, сега и со помош на асистенциите на Вестбрук.

Предлог тип: >31.5 поени (1.87)

 

Кавај Ленард (НБА, Л.А. клиперс – Шарлот хорнетс, 03.30 часот)

Кавај Ленард полека, но сигурно станува жива легенда на НБА-лигата и човек за титули. Со Сан Антонио освои една во 2014 година и лани блескаше предводејќи го големото изненадување Торонто репторс до првиот клупски пехар.

Ленард е сестран кошаркар, еден од најдобрите во историјата на играта, а знае да одигра брилијантно и во нападот, но и во одбраната, што посебно се цени во НБА-лигата.

Кога ќе се постави на пост во игра еден на еден, нема кошаркар што може да го сопре, а во ланската сезона умешно ја влечеше локомотивата од Торонто кон подвиг и титула.

Сега се пресели во Лос Анџелес клиперс и тимот веднаш се проби меѓу првите фаворити за титулата. Ленард е гаранција за успех, тука е и Пол Џорџ, кој не игра поради повреда, па Мотрез Харел, Лу Вилијамс… потенцијал што може да им ги замрси конците на сите фаворити за титулата.

Ленард е во топ-форма, Шарлот нема калибар на кошаркар што може да го сопре, па очекуваме многу поени на еден од најсестраните кошаркари во НБА-лигата.

Предлог тип: >26.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести