11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ноември ќе почне со многу голови во Топ-5 лигите

Ајнтрахт – Баерн (Бундеслига, 15.30 часот)

Традицијата во дуелите на овие два клуба навестува ефикасен меч на „Комерцбанк“ арена во Франкфурт. И двете екипи се со познати амбиции, се бара место за во Европа, а Баерн како и секогаш има императив да ја освои титулата во домашното првенство.

Некаква чудна атмосфера има во таборот на најтрофејниот германски клуб и иако резултатите не им се лоши, постојано виси дамокловиот меч над главата на тренерот Нико Ковач. Баерн е втор на табелата во Бундеслигата и заостанува само за еден бод зад лидерот Борусија Менхенгладбах, што е солидна позиција за да се атакува на рекордната 30-та титула.

Баварците играат одлично и во првата фаза во Лигата на шампионите и се со максимален учинок по три кола во Б групата, а останаа во игра и за одбрана на пехарот во националниот куп.

Токму во ова натпреварување во 2018 година, Ајнтрахт ги изненади со триумф од 3:1 во финалето во Берлин и тоа е единствената победа на „орлите“ против Баерн на последните 18 меѓусебни дуели.

Домаќините имаат и неочекувани проблеми со повредите, а денеска сигурно нема да играат Трап и Туре, а неизвесен е настапот на Костиќ, Андре Силва, Хинтерегер, Рус, Де Гузман и Чендлер. Тренерот Хутер е на мака, а особено голем хендикеп ќе биде ако не играат првите тројца играчи чиј настап е под знак прашалник.

Традицијата вели дека Ајнтрахт и Баерн најчести играат натпревари со многу голови, а на последните 5 меѓусебни дуели ги имаше најмалку по три.

Предлог тип: ГГ4+ (2.15)

 

Леванте – Барселона (Ла Лига, 16 часот)

Барселона е во опасен ритам, а и Леванте игра се подобро, откако Барди се врати на својата стандардна позиција. Леванте имаше еден нокаут и пораз од 0:5 од Барселона на свој терен, но затоа доби два од последните три меча со шампионот на својот стадион „Сиудад де Валенсија“.

Домаќините чекаат многу подобри партии од ударното дуо, Хозе Моралес и Роџер Марти, кои блескаа лани и претходната сезона и постигнуваа многу голови. Особено тивок на почетокот на оваа сезона е капитенот Моралес, кој е еден од најпоасните напаѓачи во Лигата и одличен техничар.

Добро е за Леванте што и Барди се врати на терен и се запиша во листата на стрелците, а и од него се очекуваат подобри партии во продолжението на шампионатот и нови спектакуларни слободни удари.

Тешко е да се очекува успех против Барселона, која има страшен тим и многу алтернативи и ги има тројцата офанзивци Меси, Суарес и Гризман, кои се во топ-10 напаѓачи во Ла Лига, веројатно и на планетата. Барселона е во страшна серија од 7 победи на сите фронтови на кои играше, аи Леванте доби голем потстрек со триумфот на „Аноета“ против Рела Сосиедад, па ќе типуваме на многу голови во Валенсија.

Предлог тип: 4+ (2.00)

 

Манчестер сити – Саутемптон (Премиерлига, 16 часот)

Шампионот ќе има нов дуел против светците, на кои не им цветаат рози, а ова ќе биде дуел на убедливо најефикасниот напад во Премиерлигата и најслабата одбрана во Лигата.

Манчестер сити постигна 32 гола на 10 меча, а Саутемптон прими 25 на исто толку натпревари, па тука јасно е кој е фаворит.

Сити нема пораз од денешниот гостин на последните шест меча, од кои шест им се победи. Лани Саутемптон настрада на „Етихад“ и прими шест гола во поразот од 6:1, а според фромата во која се наоѓаат двата состави не е невозможно да се случи нов потоп на гостите.

Проблем за Саутемптон е катастрофалната игра во дефанзивата и отсуството на Муса Џенепо. Единствена светла точка засега е напаѓачот Дени Ингс, но тоа е премалку за да се изненади шампионот.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.92)

 

Ватфорд – Челзи (Премиерлига, 18.30 часот)

Кике Санчес Флорес се врати на кормилото на Ватфорд, но нема позначаен напредок кај единствената екипа што е без победа по 10 кола во Премиерлигата.

Голем проблем за фенерџијата е отсуството на капитенот Трој Дини, кој лани играше одлично и со Делофеу беа најдобри стрелци на екипата што го освои 11. место.

Одраз на тој проблем се само пет постигнати голови на 10 меча, што е најслаб ефект во Премиерлигата. Ватфорд од сосема солиден напаѓачки потенцијал лани, стаса до голем проблем како да се погоди противничката мрежа. И денеска ќе треба да му се спротивстави на разиграниот Челзи, кој игра сосема поинаку откако летоска на кормиото пристигна клупската легенда Френк Лампард.

Сините играат офанзивен фудбал, без калкулации, што не беше типично за нив во последните десеттина години. Абрахам, Маунт, Пулишиќ и Вилијан и даваат темпо на играта на Челзи, екипа која е фаворит за победа денеска.

Последните шест меѓусебни дуели на овие две екипи беа интересни и ефикасни, со најмалку три гола, а ќе додаме и двојка на нашиот тип.

Предлог тип: 2&3+ (2.38)

 

Торино – Јувентус (Серија А, 20.30 часот)

Торино е во лоша форма со пет меча во низа без победа, а ќе мора да се справи со шампионот, кој нема пораз во Серија А по 10 кола.

Во популарното „Дерби дела Моле“ формата не е толку важна, колку моментната инспирација, а се чини дека атмосферата во таборот на актуелниот првак е многу подобра.

Јувентус е непоразен од биковите на последните 10 меѓусебни дуели, на кои секогаш има и искри, бидејќи се работи за едно од најголемите дербија во Италија.

За гостите нема да играат Рабио и веројатно и Игуаин, но квалитетот, атмосферата и формата е на нивна страна и ќе типуваме дека ќе победат и ќе го задржат врвот на табелата во Серија А.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести