Вашингтон има рецепт за нова победа против Калгари

Џејмс Харден (НБА, Мајами хит – Хјустон рокетс, 00 часот)

Харден се разигра и повторно немилосрдно ги полни противничките кошеви. Го почна стандардниот серијал од 30+ поени во НБА лигата, а одигра и една блескава партија против Вашингтон кога уфрли неверојатни 59 поени.

За Брадата ова веќе станува и стандард, и лани постигнуваше 50-ки и повеќе како од шега, а тоа добро го знаат и во Мајами. И на жешките годинава на први март им даде 58 поени, иако Хит имаат добри дефанзивци. Ќе се обиде Драгиќ да го сопре, но Харден влезе во форма и тешко е да се чува.

Веќе има одличен просек од 36.6 поени по меч, на последните четири меѓусебни дуели против Мајами редовно ја минуваше границата од 35 поени, па очекуваме и ноќеска да одигра ефикасно.

Предлог тип: > 33.5 поени (1.90)

 

Лука Дончиќ (НБА, Кливленд кавалирс – Далас маверикс, 01.30 часот)

Дончиќ ја почна сезоната на импресивен начин и само на еден од петте дуели што ги играше за Далас не ја мина границата од 25 поени.

Словенецот имаше незгодна повреда на главата на последниот меч против Лос Анџелес лејкерс, но вели дека се чувствува добро. Има три конци, откако мораше да се шие раната, по ударот со глави со Ерон Бејнс.

Моментно Лука има просек од 26.6 поени по натпревар, а го памети брилијантниот настап против Кливленд во февруари годинава, кога постигна 33 поени што му беше личен рекорд во тој момент.

Словенецот е поискусен, откако играше одлично и во дебитантската сезона во НБА, па сега се наметува како лидер на тимот што тргна со две победи.

Во новата сезона крај себе го има и Порзингис, кој е Ол-стар калибар и заедно можат далеку да го одведат Далас.

Границата од 24.5 поени не е превисока за еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, па ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.90)

 

Кристапс Порзингис (НБА, Кливленд кавалирс – Далас маверикс, 01.30 часот)

Летонецот потфрли на последниот меч што Далас го загуби од Лејкерс и постигна само 16 поени, премалку за играч од негов калибар.

Кристапс ја пропушти речиси целата ланска сезона, а притоа беше разменет и од Њујорк никс замина во Далас. Можеби и му треба период за прилагодување во новиот тим, кој доби големо засилување.

Порзингис е еден од најсестраните кошаркари во НБА лигата и може да игра на неколку позиции. Има одличен шут, a со невообичаена висина од 221 сантиметар е многу незгоден за чување како високо крило. И техниката му е силна страна, знае да игра и одбрана, во нападот е многу корисен и тој е џек-пот што го доби Далас од Њујорк.

Ќе биде интересен неговиот дуел со Кевин Лав, а можеби и тука е одлуката за победникот. Двајцата се Ол-стар калибар кошаркари и очекуваме да погодуваат и да бидат ефикасни. Порзингис на последното гостување во Кливленд како играч на Њујорк во октомври 2017 година постигна 32 поени, што потврдува дека му лежи стилот на игра на „коњаниците“.

Предлог тип: >20.5 (1.90)

 

Кавај Ленард (НБА, Л.А. клиперс – Јута џез, 03.00 часот)

Ова ќе биде дуелот што е вистински предизвик за еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Кавај ќе се обиде да ја разбие најдобрата одбрана во Лигата, а Јута ја има најдобрата дефанзива со само една примена стотка на шест меча. Во таа серија ги победија Клиперс со 110:96, но Кавај не настапи.

Сега би требало да игра, а кога тој е на терен работите изгледаат сосема поинаку за Лос Анџелес клиперс. Кавај лани играше на еден меч против Џез, како кошаркар на шампионот Торонто и блескаше со 45 поени.

Ленард е сестран кошаркар, еден од најдобрите во историјата на играта, а знае да одигра брилијантно и во нападот, но и во одбраната, што посебно се цени во НБА-лигата.

Кога ќе се постави на пост во игра еден на еден, нема кошаркар што може да го сопре, а во ланската сезона умешно ја влечеше локомотивата од Торонто кон подвиг и титула.

Сега се пресели во Лос Анџелес клиперс и тимот веднаш се проби меѓу првите фаворити за титулата. Ленард е гаранција за успех, тука е и Пол Џорџ, кој не игра поради повреда, па Мотрез Харел, Лу Вилијамс… потенцијал што може да им ги замрси конците на сите фаворити за титулата.

Ленард е во топ-форма, Јута игра добра одбрана, но тешко е да се сопре еден од најдобрите офанзивци во НБА.

Предлог тип: >26.5 поени (1.87)

 

Вашингтон кепиталс – Калгари флејмс (НХЛ, 01 часот)

Со серија победи Вашингтон стаса до лидерската позиција во Источната конефернција, иако има два меча повеќе од Бостон. Момците од главниот град немаат пораз во регуларен дел на последните 8 меча, а само Едмонтон во тој серијал успеа да ги совлада по продолженија.

Се разиграа Карлсон и Овечкин, водечкиот двоец на Вашингтон според бројот на поени. Карлсон со 7 гола и 16 асистенции е на делба на третото место со 23 поени, колку што има и Бред Маршанд од Бостон, Овечкин е седми со 19 поени, а комбинацијата на големиот ас се 11 гола и 8 асистенции.

Пред 10 дена го победија Калгари на гости во ефикасен меч со 5:3, иако по првиот период немаше голови. И сега се фаворити, па ќе типуваме дека Кепиталс ќе останат лидери на Истокот.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести