Бруклин и Њу Орлеанс во трка кој ќе даде повеќе кошеви

Бредли Бил (Вашингтон визардс – Детроит пистонс, 01 часот)

Еден од најдобрите шутери во НБА-лигата одлично ја почна сезоната, иако тоа нема преголем ефект за Вашингтон визардс.

Бил има просек од 27,4 поени по меч, но е осамен во тимот и има слаба поддршка од соиграчите, што се рефлектира на резултатите на Визардс. Имаат 4 порази и само една победа, а главен проблем е отсуството на олстар-бекот Џон Вол, кој е повреден.

Вашингтон нанижа три порази и во тој серијал прими вкупно 414 поени, што е неверојатен податок. Бил влече колку што може, постигна 101 поен на тие три дуели, а очекуваме и ноќеска против Детроит да биде ефикасен.

На последниот меѓусебен меч во февруари годинава, Бредли постигна 32 поени и сега е во одлична форма, па ќе типуваме дека ќе оди над 26 поени.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.87)

 

Андре Драмонд (Вашингтон визардс – Детроит пистонс, 01 часот)

Драмонд е еден од најдоминантните центри во НБА-лигата, а сезонава игра во топ-форма и има просечен учинок од 22,1 поен и 18,7 скока, што е фантастичен дабл-дабл ефект, кој го нема ниту еден друг играч во НБА.

Ноќеска ќе има директни дуели со Томас Брајант, кој е солиден дефанзивец, но е далеку од врвна класа, па Андре повторно може да одигра блескаво и да постигне над 20 поени.

Можно е за првпат сезонава за Пистонс да игра Блејк Грифин, веројатно ќе се врати и Дерик Роуз, па на некој начин и Драмонд ќе има поголема поддршка.

На последниот меѓусебен дуел им уфрли 32 поени на Волшебниците од Вашингтон, а во каква форма е, лесно може да се случи да го повтори учинокот од февруари годинава.

Предлог тип: > 20.5 поени (1.85)

 

Бруклин нетс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 01.30 часот)

Бруклин сè уште е во процес на воигрување откако во тимот пристигна Кајри Ирвинг, а си замина Деанџело Расел.

Кајри игра одлично, брзо се адаптира во новиот клуб, но Бруклин нема резултати кои се очекуваа и билансот е две победи и четири порази.

Уште поголема реконструкција направи Њу Орлеанс. Си заминаа двете главни ѕвезди, Ентони Дејвис и Џулијус Рендл. Пеликаните редат порази и имаат само една победа на шест меча.

Проблем за нив е повредата на првиот пик на драфтот Зион Вилијамсон, кој и ноќеска нема да игра против Бруклин. Повреден е и Бред Инграм, а неговиот настап е неизвесен, што е голема шанса за Бруклин да ја забележи третата победа на стартот од сезоната во НБА-лигата.

Двете екипи играат брза кошарка, дефанзивата е во втор план, па очекуваме ефикасен меч и победа на Нетс.

Предлог тип: 1& >236.5 поени (2.90)

 

Јанис Адетокумбо (Минесота тимбервулфс – Милвоки бакс, 02 часот)

Милвоки има пет победи по ред против Минесота и сите се убедливи со двоцифрена разлика. Лидер во серијалот успеси на Бакс е Јанис Адетокумбо, најкорисниот кошаркар во регуларниот дел од ланската сезона.

Во ист ритам продолжи и во новиот циклус натпревари во НБА и има просек од 26,7 поени и 13,8 скокови. Потфрли само против Кливленд кога постигна 14 поени, а на останатите пет меча блескаше.

Ноќеска ќе има отворен рекет бидејќи Карл Ентони Таунс, олстар-центарот на Волците, е суспендиран, па Јанис ќе има многу поголем простор, предност што знае умешно да ја користи. Резервните центри на Минесота се од послаб калибар, па ќе типуваме дека Адетокумбо ќе постине повеќе од 27 поени против тимот чија игра му „лежи“ и нему и на Милвоки бакс.

Предлог тип: > 27.5 поени (1.85)

 

Ал Хорфорд (Феникс санс – Филаделфија 76, 03 часот)

Ветеранот брзо се вклопи во новиот тим, кој има фантастична прва петорка, но ноќеска ќе мора да игра без центарот Џоел Ембид.

Ембид е суспендиран, па Хорфорд ќе игра како центар на неговото место. И се снајде одлично на таа позиција против Портланд, кога беше меѓу најдобрите со 25 поени, 7 асистенции и 5 скока. Учинок што е фантастичен за играч чија природна позиција е крило.

Хорфорд е искусен кошаркар, знае да игра на неколку позиции, а е одличен шутер кој умее да погоди и тројка. Предност за него е што Феникс нема квалитетни центри откако Де Андре Ајтон е суспендиран на 25 меча поради допинг.

Предлог тип: > 16.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести