Ренџерите од Њујорк не можат да го сопрат ураганот на Каролина

Каролина хурикејнс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

И двете екипи играат во Источната конференција, а Каролина имаше подобар старт на сезоната и има 19 поени, за разлика од ривалот кој стигна до 13 на исто толку мечеви.

Ренџерс се далеку од екипата што ја имаа во 2014 година, кога го играа 11-тото финале во клупската историја, но не успеаја да ја освојат титулата.

Се обидуваат да направат исчекор и повторно да играат во плејофот, но се чини дека има подобри екипи од нив. Каролина има неколку исклучителни таленти, а првата офанзивна постава ја сочинуваат Себастијан Ахо, кој има 22 години и Андреј Свешников со 19 години. Рускиот мегаталент игра одлично и има 15 поени досега во комбинација од 6 гола и 9 асистенции, но многу повеќе се очекува од Финецот Ахо.

Во ланската сезона 22-годишниот репрезентативец на Финска имаше 95 поени, како еден од најдобрите хокеари во лигата, но сезонава ја почна поскромно. Каролина има уште неколку искусни хокеари и е фаворит за победа против Ренџерс.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

Гордон Хејвард (НБА, Шарлот хорнетс – Бостон селтикс, 02 часот)

Крилото на Бостон конечно почна да игра како што очекуваат од него во клубот што го засили во 2017 година. Му се случи страшна повреда во дебитантскиот меч за Келтите, поради која паузираше цела сезона, но сега игра одлично.

Пред два дена против Кливленд кавалирс постави личен рекорд со 39 поени, па си го крена и просекот сезонава на 20,9 поени.

Хејворд е одличен техничар, има мек шут и кога ќе влезе во ритам, тешко е да се чува. Ноќеска ќе има и полесна задача бидејќи Пи-Џеј Вашингтон е повреден и веројатно нема да игра за Шарлот, а од таа причина ќе го нема на паркетот и Николас Батум, кој исто така е одличен дефанзивец.

Хејворд е во топ-форма, покрај него има одлични соиграчи и еден врвен бек, Берон Дејвис, кој знае да асистира, па очекуваме нова добра партија на крилото на Бостон и учинок над 16 поени.

Предлог тип: >16.5 поени (1.80)

 

Девон Букер (НБА, Феникс санс – Мајами хит 03 часот)

Бекот на Санс игра одлично на почетокот на сезоната, а Феникс бележи добри резултати, иако игра без една од ѕвездите во тимот, Деандре Ајтон.

На Букер одлично му лежи соработката со Рики Рубио, кој пристигна во Феникс од редовите на Јута џез, па бековската линија на екипата сега е голем адут.

Феникс има три победи по ред и изненадувачки скор од 5-2 во победи, а во актуелната серија од три победи по ред Букер постигна вкупно 92 поени или во просек околу 31,1 поен.

Ноќеска ќе има незгоден ривал во Џими Батлер, кој е одличен дефанзивец, но Букер е во налет и кога е во топ-форма, умее да ги полни кошевите на противниците. Феникс конечно по долг период има добар тим, а типуваме дека првата ѕвезда на Санс ќе продолжи да игра ефикасно и ќе оди во плус против Мајами хит.

Предлог тип: >26.5 поени (1.90)

 

Џими Батлер (НБА, Феникс санс – Мајами хит 03 часот)

Олстар-кошаркарот на Мајами хит не играше на стартот од сезоната и ги пропушти првите три меча. Кога е во составот на Хит, клубот игра одлично и има три победи на четири меча.

Под команда на Батлер, Мајами успева да се оддржува во позитива и има ист биланс од 5-2, како и Феникс санс. Се очекува интересен дуел меѓу него и Девон Букер и на двете страни од теренот. Батлер ќе се обиде да го сопре одличниот кошаркар на Санс и со ефикасна игра да му помогне на Мајами да ја забележи шестата победа.

Батлер е Олстар-формат, но има проблеми со повредите, што го сопреа да постигне и многу повеќе. Од летоска е член на Мајами и брзо се прилагоди на системот на игра на „жешките“, па и од него очекуваме нов ефикасен меч и учинок над 20 поени.

Предлог тип: >18.5 поени (1.90)

 

Лос Анџелес клиперс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 04.30 часот)

Клиперс имаат шанса да бидат првиот тим во новата сезона во НБА-лигата што ќе оди над илјада поени, а тоа речиси сигурно ќе го остварат со оглед дека им фалат 86 поени, што за нив е лесно остварливо.

Двата состави имаат неколку екстра кошаркари, а кога играат расни стрелци од калибарот на Кавај Ленард, Лу Вилијамс, Демиен Лилард, Си-Џеј Мекалум… може да се очекува спектакуларен дуел со многу поени.

И Клиперс и Трејлблејзерс се кандидати за плејоф, но Западната конференција е суперквалитетна сезонава и ќе биде ислучително тешко да се најде место меѓу осумтте најдобри што ќе играат за титулата.

Двете екипи играат брзо, атрактивно и типуваме дека ќе постигнат над 229 поени.

Предлог тип: >229.5 поени (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести